Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија PDF Print E-mail

Автор: Лилјана Поповска
Дата: 2017
PDF:  multikulturni-povrzuvanja-vo-gragjanskiot-sektor-vo-republika-makedonija.pdf

multikulturni povrzuvanja vo gragjanskiot sektor vo republika makedonijaМултикултурните општества имаат потреба од заеднички именители кои ќе обезбедат интеркултурен дијалог, заради намалување на поделеноста во општеството и зголемување на социјалната кохезија, во функција на стабилна, демократска и просперитетна држава.

Трудот го истражува влијанието на мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија врз јавните политики и социјалната кохезија, како механизам за јакнење на граѓанскиот концепт на државата.

Направено беше истражување со интервјуа на испитаници од значајни мултикултурни мрежи и движења. Изработена беше и студија на случај за Македонското женско лоби, мрежа на женски организации формирана во 2000 година за повеќе жени во политиката и унапредување на нивниот статус.

Лобито ги обедини жените во борба за поголеми права, надминувајќи ги политичките, етничките и верските разлики. Остана заедно и за време на воениот конфликт од 2001 година, лобирајќи за мир во земјата.

Изврши силно влијание врз јавните политики преку внесување четири вида родови квоти во изборните закони. Резултати се 5-пати повеќе избрани жени на национално и локално ниво, законски промени и институционални механизми за родова рамноправност.

Трудот констатира позитивно влијание на мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор врз јавните политики и социјалната кохезија, но со одредено ограничување врз севкупната интегрираност на општеството, поради отсуството на силна и трајна институционална поддршка за граѓанскиот сектор.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications