Локалниот и руралниот развој во изборните програми - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Локалниот и руралниот развој во изборните програми PDF Print E-mail

Автори: Димче Митрески
Дата: јуни 2011 година
PDF:   lokalniot-i-ruralen-razvoj-vo-izbornite-programi.pdf

lokalniot-i-ruralen-razvoj-vo-izbornite-programiМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за локален и рурален развој.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите.

Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Анализата опфаќа две клучни компоненти од локалниот и рурален развој и тоа децентрализацијата како модел за пренос на ингеренциите од централно на локално ниво и јакнење на општините, и земјоделството кое е една од клучните гранки за руралниот развој.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени преку табели.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications