Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интерес - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интерес PDF Print E-mail

IMG 2620Општа цел на проектот беше креирање овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации.

Целта на проектот беше подобрување на  соработката меѓу граѓанските организации за прашањата од заеднички интерес.

Целна група на проектот беа општата јавност, граѓанските организации, државните институции, медиумите и деловниот сектор. Директни корисници беа организациите-членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БСЦДН), Европскиот сервис за граѓанска акција (ЕКАС), Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество меѓу ЕУ и РМ (ЗКК) и Цивикус.

Целното подрачје беше Република Македонија Балканот и Европската Унија. Проектот се спроведе во повеќе градови од Македонија, Балканот и ЕУ. Проектот придонесе за зајакната соработка меѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес.

Резултатите беа делумно постигнати. Во рамките на соработката и членувањето во мрежите беа поттикнати и спроведени заеднички иницијативи. И покрај тоа што се организираа повеќе состаноци на работните групи за формулација на програма за работа на ГПМ, истата не беше подготвена до крајот на 2010 г. Нивото на учество на МЦМС во регионалните и меѓународни мрежи е непроменето.

Проектот се спроведе преку следниве активности:

1. Членство, поддршка и учество во ГПМ

МЦМС активно учествуваше во подготовката на програмата на работа на ГПМ, статутот на ГПМ, како и во работата на Советот на ГПМ, а исто така, МЦМС активно учествуваше и во подготовката на документите за регистрација на ГПМ. Беше подготвен и акциски план за застапување и лобирање на ГПМ во соработка со ОБСЕ. Во ноември МЦМС го поддржа изборот на претставници на граѓанските организации во Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) за граѓанското општество на Европската Унија и Република Македонија, кој го спроведе ГПМ.

2. Членство, поддршка и учество во БЦСДН

МЦМС раководи со Извршната канцеларија на БЦСДН до јули 2011 г. Избраните преставници на МЦМС во телата на БЦСДН активно учествуваа на состаноците и другите активности. Со дел од членките на мрежата, МЦМС аплицираше за проекти во ЕУ. Со една од членките заеднички беше организирана студиска посета во рамките на програмата ИРГ. Заеднички беше подготвен и преглед на состојбите со граѓанскиот дијалог во балканските земји.

3. Соработка со европски мрежи, организации и тела

МЦМС беше ко-организатор на втората, а го поддржа и учеството на членовите од Македонија и на третата средба на ЗКК. Втората седница се однесуваше на социјалните и економски права, а третата за транспортната политика. Од состаноците произлегоа повеќе заклучоци, со кои ЗКК побара забрзување на почетокот на преговорите на РМ за членство во ЕУ. Истовремено во заклучоците членовите на ЗКК побараа и од Владата на РМ зајакнување на социјалниот дијалог и негово проширување со повеќе претставници на граѓанското општество и спроведување на неопходните реформи во социјалната и во транспортната политика. Во септември беше  одржана завршната средба на членовите на ЗКК во мандатот 2009-2010 г., на која беше презентиран Извештајот за работата на ЗКК за периодот декември 2007 – јули 2010 г. МЦМС беше избран за член на ЗКК и во следниот двегодишен мандат. МЦМС активно учествуваше во давањето мислења во форма на извештаи и заклучоци, но и во други релевантни активности поврзани со ЗКК.

МЦМС го обнови членството во ЕКАС, со која покрај редовната размена на информации и заеднички поднесе проект за фондовите од ЕУ.

4. Соработка со меѓународни и други мрежи, организации и тела

МЦМС го обнови членството во Цивикус и редовно разменуваше информации за активностите. Во голем дел соработката е во рамките на спроведувањето на Цивикус-Индексот на граѓанското општество, но Цивикус по потреба бара мислење од МЦМС и за други прашања.

Покрај учеството во погореспоменатите мрежи и тела, претставници на МЦМС учествуваа на повеќе настани органзирани од домашни или други организации како воведничари или презентери. Сашо Клековски учестуваше и во подготовката на јубилејното издание на Политичка мисла, кое беше посветено на граѓанското општество. Исто така беше воведничар и на дебатата „Состојбите во цивилниот сектор и неговата улога во креирање на општествените текови во Република Македонија“ организирана од институтот „Прогрес“ и ЦСИД „Форум“. Тој беше воведничар и на работилницата „Одржливи партнерства за одржливи граѓански организации“, а заедно со Емина Нурединоска на работилницата „Аспекти на влијанието и одржливоста на граѓанските организации“, двете организирани од проектот ТАКСО. Емина Нурединоска беше воведничарка и на подиумската расправа „Граѓанското општество и локалната самоуправа – можности за соработка“, организирана од Конрад Аденауер и Креактив. Даниела Стојанова беше воведничар на регионалната конференција „Градење граѓански мостови“, која се одржа во Нови Сад, Србија. Таа учествуваше и на иницијативниот состанок за формирање на Македонската мрежа за борба против сиромаштијата. Програмскиот тим на ИРГ учествуваше и на други состаноци, конференции, работилници и сл.

Периодот се спроведе од 1 февруари до 30 декември 2010 г .

Во спроведувањето на проектот беа вклучени повеќе граѓански организации, пред сè членките на ГПМ и БЦСДН, но и Министерството за труд и социјална политика и Европскиот економски и социјален комитет.

Трошоците за проектот изнесуваат 310.162,50 денари и се покриени од Службата за црковен развој (ЕЕД).

Извршно резиме од проектот.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes