Појаснување за истражување за Општествена одговорност на граѓаните - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Појаснување за истражување за Општествена одговорност на граѓаните PDF Print E-mail
Tuesday, 05 February 2008 01:00

[Прес соопштение] МЦМС во декември 2007 година го објави истражувањето Општествена одговорност на граѓаните. Целта на истражувањето е анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните во однос на општествената одговорност (владеење на правото и граѓанска партиципација).

Теренската анкета ја спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) во декември 2007 година.

Општествената одговорност е анализирана и во однос на демографските и социјалните разлики на истражуваниот примерок, меѓу другото и во однос на идеолошката определеност на граѓаните. Идеолошката определеност е утврдувана преку прашањето „Која политичка партија ја чувствувате како своја?“.

Интерес на извештајот е општествената одговорност на граѓаните, а не рејтингот на политичките партии или како граѓаните би се изјасниле во случај на избори, односно воопшто не се поставени прашања за рејтинг на политички партии или за изјаснување во случај на избори.

Затоа одговорите на прашањето „Која политичка партија ја чувствувате како своја?“ не се дел од главниот текст, туку во прилог Структура на примерокот.

Исто така одговорите на поставеното прашање „Која политичка партија ја чувствувате како своја?“ не може да се споредуваат со одговори на прашањето „За која партија би гласале“.

Замолуваме политичките партии да не го употребуваат (или оспоруваат)  извештајот за утврдување на партиски рејтинзи, бидејќи истиот не е наменет за тоа.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Појаснување за истражување за Општествена одговорност на граѓаните