Добро управување – зголемена оддржливост - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Добро управување – зголемена оддржливост PDF Print E-mail
Wednesday, 26 September 2007 13:37

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), денес, во хотелот Континентал, ја промовираше новата обука „Добро управување – зголемена оддржливост“ наменета за граѓанските организации во Македонија.

Обуката ќе се спроведува од 28 до 30 септември 2007 година и на неа ќе учествуваат 20 претставници на раководните (извршни и управни) тела на граѓанските организации, членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), како и останати граѓански организации во земјата.

Во овие три дена учесниците ќе разговараат за концептот на управување, за разликите меѓу управувањето и менаџирањето, за управувањето во однос на доброто управување, за приликите во кои делуваат управните органи, за спречувањето на судирот на интереси итн. Се очекува оваа обука да го зголеми разбирањето за принципите на добро управување од страна на граѓанските организации, засновани на демократичност и отчетност.

МЦМС, заедно со Граѓанската платформа на Македонија презема и други чекори чија крајна цел е доброто управување во граѓанскиот сектор. Освен обуката, се подготвува и Етичкиот кодекс кој треба да придонесе за подобрување на процесите на саморегулација на граѓанските организации во Македонија, а во завршна фаза е и студијата за транспарентност, демократичност и отчетност. Овие активности се дел од програмата Институционален развој на граѓанското општество (2006-2008).

Со подигнувањето на стандардите за транспарентно и отчетно работење во својот сектор, граѓанските организации ќе можат да побараат одговорност и добро управување од граѓаните и институциите на општеството.

Настанот е овозможен со помош на Европската агенција за реконструкција преку финансирањето од Европската унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Добро управување – зголемена оддржливост