Историски чекор – БЦСДН го одржа основачкото собрание |
Thursday, 09 July 2009 10:21 | |||
Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) го одржа основачкото собрание на 6 јули во Скопје, Македонија. Осум години откако беше иницирана како пилот проект и повеќе од пет години од нејзината трансформација во мрежа, БЦСДН и формапно стана правен субјект со 11 основачи – граѓански организации. Беа усвоени и главните акти, Статут и Стратегиска ориентација 2009 – 2011 и беа избрани следниве органи, Совет, Одбор и Извршен директор. За членови на Одборот беа избрани:
На собранието беше потврдено дека Секретаријатот на мрежата ќе продолжи да работи во рамките на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Сегашниот координатор Тања Хафнер Адеми беше избрана за Извршен директор на БЦСДН.
|