Раководење со Македонска развојна фондација за претпријатија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со Македонска развојна фондација за претпријатија PDF Print E-mail
Friday, 12 December 2008 14:58

мрфпМЦМС е основач на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). МРФП ги спроведува планираните активности од Деловниот план на МРФП 2007-2011 година, преку програмите Развој на финансиски услуги, Развој на финансиски институции и Промоција на претприемништвото.

Финансиски услуги

Целта на програмата е развој на прифатливи финансиски услуги.

Во 2009 година, преку финансиските посредници се исплатени 229.492.151 денари за 931 клиент, од кои 909 се микро претпријатија и 22 мали претпријатија.

Кредит за нов бизнис

Семејството Спиркоски од Прилеп, од неодамна, може да се пофали со уште еден мал бизнис. Покрај такси превозот и работилницата за изработка на лимени предмети тие отворија и канцеларија за правни услуги за граѓаните. Носител на последниот бизнис е Марија. Таа е правник и своето искуство го стекнала во адвокатска канцеларија. „Сметав дека голем број граѓани имаат потреба од правни услуги. Канцеларијата ја изнајмивме веднаш до полициската станица, затоа што мислам дека ваквите услуги граѓаните ги бараат кога имаат работа со институциите“.

Семејството Спиркоски е корисник на кредит од кредитната линија на МРФП преку ИК банка. „Проблем е да се покријат фиксните трошоци“, вели Марија, „затоа сметам дека кредитот помага и во отворањето нов бизнис и во поддршката на постојниот“.

Промоција на претприемништвото

Целта на програмата е промовирано претприемништво.

Во текот на 2009 година МРФП ја поддржа изработката на новиот Стратешки план (2009-2011) на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК), а обезбеди и програмска и организациска поддршка за неговото спроведување.

Продолжи финансиската поддршката за спроведување на Стратешкиот план на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), а на крајот од 2009 г. МРФП ја поддржа и иницијативата на Групата за развој на потсекторот домат и пиперка, за развивање концепт на организации на производители и систем на организирање заеднички пазар во земјоделството. Во рамките на Европската недела на претприемништвото, се реализираа неколку настани МРФП беше организатор на панел на тема „Економската криза и пристапот до финансии“ со презентери од Холандија, Хрватска и Македонија.

Трета година по ред, МРФП е еден од главните организатори на манифестацијата Претприемач на годината, каде учествуваше во изборот и промоцијата на најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија.

По спроведувањето на најголемото истражување за претприемништвото во светот - Глобален монитор на претприемништвото (ГЕМ) во 2008 година, во извештајниот период, МРФП, во соработка со Центарот за развој на нови бизниси (БСЦ), го подготви и промовира во јавноста извештајот „Претприемништвото во Македонија“.

Повеќе информации на www.mrfp.org.mk

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Раководење со Македонска развојна фондација за претпријатија