МЦМС, Форум, Потрага по заедничка основа - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС, Форум, Потрага по заедничка основа PDF Print E-mail
Tuesday, 01 November 2005 01:00

ok1Новата кампања на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Форум-центарот за стратегиски истражувања и документација и Потрага по заедничка основа што ќе се одвива под слоганот “Кажи О.К. за МК” е уште една можност за да се вклучат граѓаните на Македонија во процесот на приближување на нивната земја кон Европската Унија.
Истражувањето покажа дека висок процент, дури 91,2% од граѓаните, сакаат да ја видат Македонија како дел од европското семејство.

let1Според носителите на кампањата, потребна е поширока акција за да се придонесе во процесот на зачленувањето на Македонија во ЕУ како еден од приоритетите и интересите на граѓаните. Овој придонес би требало да се направи со промоција на позитивните вредности на Република Македонија, на индивидуално ниво насочени кон граѓаните на Европската Унија и нејзините институции.

91Во поглед на исполнувањето на условите за влез во Унијата, 56,3% од испитаните имаат позитивно мислење. Што се однесува до активностите на Владата, 50,5% сметаат дека Владата прави многу или доволно за процесот на евроинтегрирање, а 40,2% мислат дека не се прави доволно.

Зошто кампања? Затоа што 57,2% од граѓаните сакаат да учествуваат во некоја акција за поддршка на македонскиот влез во ЕУ.

Оваа граѓанска иницијатива е можност за граѓаните кои сакаат да направат нешто. Нешто за себе, за она што кажале дека го сакаат, нивната земја да биде дел од Европската Унија.


mkok
Ете затоа: “Кажи О.К. за МК”!

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МЦМС, Форум, Потрага по заедничка основа