Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 PDF Print E-mail
Tuesday, 09 December 2025 15:14

Автори: Јасмина Ристовска, Теа Цветановска и Снежана Камиловска Трповска
Дата: декември 2025
ISBN: 978-608-4848-63-9
PDF:MCMS nacionalen izvestaj 2025 09 (2).pd

RMA

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави новиот „Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025“.

Извештајот претставува сеопфатен преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во земјава. Новото издание е продолжение на долгогодишната работа на МЦМС за систематско следење на корупцијата. Истражувањата на оваа  тема започнаа во 2014 година.

Методологијата за подготовка на овој извештај користи различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата, меѓу кои и анкетата со население. Извештајот  содржи седум делови: ниво на корупција, политики, институции, судство, економија, граѓански сектор и меѓународна соработка.

Ова истражување е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење капацитети за застапување врз основа на докази, политичко влијание и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, поддржан од Европската Унија.

Претходните шест изданија беа поддржани од УСАИД (2014, 2016), од Британската амбасада (2018) и од Европската Унија (2019, 2021, 2023).

 

 


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025