Успешно одржана Регионалната конференција за финансиска писменост на младите во Радовиш - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Успешно одржана Регионалната конференција за финансиска писменост на младите во Радовиш PDF Print E-mail
Thursday, 26 June 2025 12:17

На 17 јуни 2025 година, во просториите на Креативниот Центар на заедницата НЕКСУС во Радовиш, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“ – настан кој отвори важни прашања и актуелизираше теми поврзани со финансиската едукација на младите, нивната економска самостојност и улогата на сите чинители во заедницата во подигнување на финансиската култура.

2 4 scaled e1750713866627

Конференцијата обедини над 30 учесници од Југоисточниот регион – млади луѓе, наставници, претставници од локалните самоуправи, бизнис-секторот и граѓански организации – кои заеднички дискутираа за реалните предизвици со кои младите се соочуваат во доменот на финансиското знаење и управување со лични средства.

kruna plus mihailov photovideo 93 edited 1 1024x576

Во текот на четиричасовната програма, беа разработени четири клучни теми:

  • Финансиска едукација и формалното образование – Учесниците отворија дебата зошто финансиската писменост сè уште не е дел од наставните програми, како младите стекнуваат (или не стекнуваат) знаења за пари и што може да се преземе за да се подобри оваа состојба преку неформално и партиципативно учење.
  • Потрошувачка култура и “брзите пари” – Преку реални примери, беше нагласено влијанието на социјалните мрежи врз младите, прекумерното трошење и лесната достапност до микро-кредити и онлајн купување. Се дискутираше за потребата од критичко размислување и развој на свесни навики кај младите.
  • Психологија на парите – Сесијата ги анализираше емоционалните аспекти на трошењето, врската помеѓу личните вредности и финансиските избори, како и важноста на самодисциплината и поставување приоритети.
  • Буџетирање на различни нивоа – Од личен до општински буџет: се разговараше за улогата на планирањето кај младите, но и кај институциите, бизнисите и граѓанските организации, при што беше нагласено значењето на транспарентноста, одговорноста и заедничкото вклучување во процесите на креирање и следење на буџети.

kruna plus mihailov photovideo 27 edited 1024x576

Конференцијата беше организирана како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, кој има за цел да го подобри нивото на финансиска писменост, да овозможи практични алатки и пристап до ресурси за младите од Југоисточниот регион. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, а го спроведуваат здруженијата КРУНА ПЛУС од Радовиш, Промо Идеа и Новус од Струмица.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Успешно одржана Регионалната конференција за финансиска писменост на младите во Радовиш