Да ја примениме подготвеноста за соработка - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Да ја примениме подготвеноста за соработка PDF Print E-mail
Friday, 07 February 2025 11:44

Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на Граѓански ангажман.

„Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена кон претставниците на граѓанските организации на Националниот форум на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2024 година.

new

Подготвеноста на премиерот за соработка со граѓанските организации беше поткрепена со учеството на уште пет министри од Владата како и на Генералниот секретар Јанушев. Подготвеноста на граѓанските организации беше поткрепена со учеството на околу 200 претставници.

Потребата од соработката на националната власт и граѓанските организации нема потреба посебно да се констатира. Таа не е само од интерес на Владата и на граѓанските организации, уште поважна е за нивните крајни корисници, за граѓаните. Дел од претставниците на Владата во нивните обраќања демонстрираа консултации со граѓанските организации во процесите на измени или носење на политиките. „Ни случајно нема да правиме стратегија во која нема да бидат вклучени невладините организации“, рече министерката за образование и наука Весна Јанева одговарајќи на прашањето за консултациите поврзани со националната стратегија за образование што треба да биде донесена во 2026 година. Таа рече дека МОН веќе вклучило 40 граѓански организации во консултациите за носење или измени на шест закони поврзани со образованието. 

Интересно беше да се слушне дека дел од министрите, нас, од граѓанските организации не доживуваат како критичари, а не критизери. „Добар критичар дава конструктивна критика која носи решенија“ вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Неговите очекувања од граѓанските организации не се само во нудењето на решенија за подобрување на политиките, туку, уште повеќе во користење на експертизата која според него „природно би требало да доаѓа од граѓанскиот сектор“. Ваквиот придонес на граѓанските организации, според него, е од непроценливо значење и е врска помеѓу граѓаните и институциите. 

И другите владини претставници покажаа подготвеност и отвореност за соработка. Организирајќи го овој форум, во соработка со Владата, Цивика мобилитас помогна да се возобноват или да се воспостават меѓусебни контакти и да се договорат последователни средби.

Се надеваме дека таа подготвеност нема да остане само како декларација, барем ние од секторот ќе се потрудиме да ги „држиме за збор“ министрите, генералниот секретар и премиерот. Тоа ќе ни овозможи на сите, на следната средба да зборуваме за резултатите, а не само за плановите.

Граѓаните за промена бр.19 Преземи

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Да ја примениме подготвеноста за соработка