Запознајте ги новите грантисти на Цивика мобилитас |
Monday, 22 July 2024 12:43 | |||
Добитниците на грантови за граѓански ангажман преку проектите што ќе ги спроведуваат ќе се фокусираат на зголемување на активизмот и ангажираноста на граѓаните во средините каде што живеат. Ви ги претставуваме организациите добитници и кратките профили на акциите што ќе ги спроведуваат 1. Проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“ ќе го спроведува Асоцијацијата за демократска иницијатива Гостивар, во партнерство со Центарот за едукација и развој с. Теарце, Институт за лидерство и јавни политики, Тетово и Асоцијацијата Институт за социјална промена-ИнСоК Тетово. 2. Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ ќе го спроведуваат Гласен текстилец Штип, ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Иницијатива на невработени интелектуалци Виница. 3. Проектот „Да учиме за климатските промени!!!“ ќе го спроведуваат Извидничкиот Поречански Одред Крсте Јон Струга, Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и Регионалниот зелен центар Охрид. 4.Проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“ ќе го спроведуваат Здружението Финанце тхинк – Институт за економски истражувања и политики, Скопје во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Младинскиот образовен форум, Центарот за развој и унапредување на демократијата, медиумските и новинарски стандарди и слободата на изразување во Република Македонија 360 Степени и Македонското лекарско друштво. 5. Проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“ ќе биде спроведуван од Хелсиншкиот комитет за човекови права Скопје, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје. 6. Проектот „Активни жени“ ќе го спроведуваат Хуманитарното здружение Мајка Куманово, Регионалниот центар за соработка „Спектар“ Крива Паланка, Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово и Регионалниот центар за одржлив развој Кратово. 7. Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ ќе биде спроведуван од Центарот за граѓанска иницијатива Прилеп, во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште, Долнени. 8. Проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“ ќе го спроведуваат Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино, во партнерство со Еко-живот Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес. 9. Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ ќе го спроведуваат Центарот за развој и промоција Промо идеа Струмица, во партнерство со Центарот за истражување и анализи Новус Струмица и Здружението за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните Круна плус Радовиш. 10. Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ ќе биде спроведуван од Здружението Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Скопје во партнерство со ЕКО-ЛОГИК Скопје и ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје.
|