Младите треба да бидат активни и гласни кон институциите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Младите треба да бидат активни и гласни кон институциите PDF Print E-mail
Wednesday, 25 January 2023 07:55

Трите најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Јегуновце се инфраструктурата (29,0%), условите за бизнис и вработување (18,0%) и осветлувањето во општината (17,7%). Трите најголеми проблеми со кои се соочуваат младите се невработеноста (33,7%), затворените и нетранспарентни институции (25,7%) и недостатокот од вештини и знаења потребни за пазарот на труд (22,7%). Ова го покажаа резултатите од истражувањето што го направи Локалната акциска група ЛАГ Скардус од с.Јегуновце кои беа презентирани на 20 јануари оваа година на посебен јавен настан што се одржа во просториите на општината.

received 1317688215691556 MCMS

Вкупно 20 учесници од населените места Јегуновце, Сиричино, Подбреѓе, Јанчиште, Жилче, Копанце, Раотинце, Туденце, Прељубиште, Јажинце, Шемшово, Теарце и Тетово дискутираа за перцепциите на испитаниците и за личните ставови и искуства поврзани со работата на локалната власт. „Општина Јегуновце и јас како градоначалник ја поздравуваме иновативната иницијатива“, рече во своето обраќање градоначалникот Димитар Костадиноски и додаде дека секогаш се отворени за соработка и ќе иницираат и поттикнуваат заеднички иницијативи со граѓанскиот сектор и граѓаните од општината.

Дел од истражувањето се осврнува на задоволството од првата година на работењето на локалната власт и степенот на реализација на програмата на градоначалникот. Со оглед дека проектот на ЛАГ Скардус се однесува на отворањето на мини индустриска зона во Подбреѓе, што е едно од ветувањата на Градоначалникот, граѓаните биле прашани дали знаат за него. Малку повеќе од една третина (36,7%) рекле дека слушнале за ветувањето, од нив, речиси половината (49,1%) немаат никаква информација за статусот на ветувањето. Дополнително, во фокусот на истражувањето беа и ставовите на граѓаните околу тоа како отворањето на мини индустриска зона би влијаело врз вработувањето на младите. 

LAG Skardus MCMS

„Ние како млади имаме шанса и обврска да се активираме и да бидеме позитивен пример за сите промени кои настануваат во локалната заедница, од нас младите треба да се покренат сите проблеми и треба да бидеме активни и гласни кон институциите“, рече Каролина Максимовска, студент. Резултатите од истражувањето покажуваат дека околу една третина од младите биле активно вклучени во локалните активности, а причините за нивната неактивност е неверувањето дека можат да влијаат на одлуките што ги носи локалната власт. 

Истражувањето беше спроведено во ноември и декември 2022 година на примерок од 300 испитаници од општина Јегуновце и треба да и покаже на локалната власт какви се ставовите на граѓаните во врска со нивната работа.

Сите активностите се овозможени со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Младите треба да бидат активни и гласни кон институциите