Здружено во борбата против корупцијата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Здружено во борбата против корупцијата PDF Print E-mail
Sunday, 02 October 2022 09:25

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Центарот за современа политика и Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ, на 27 септември 2022г., одржаа регионална работилница „Здружување на силите против корупцијата во Југоисточна Европа“.

zdruzeno vo borbata protiv korupcijata

Работилницата ја отвори Немања Тодоровиќ Штиплија, директор на Центарот за современи политики искажувајќи задоволство за учеството на претставниците од организации членки на СЕЛДИ, претставници од антикорупциските агенции и јавни обвинителства од регионот и други меѓународни експерти и новинари.

На првата сесија учесниците дискутираа како процесот на проверка на изјавите за имот би можел поефикасно да се користи како инструмент за спречување на корупцијата и проценка на ризик, комбиниран со податоци од други јавни регистри, информации од свиркачите, истраги во медиумите и извештаи на граѓанското општество. Учесниците разговараа за напредокот на состојбите и можностите за соработка меѓу овие актери.

Во втората сесија беа споделени добри практики и предизвици за откривање, истражување и санкционирање на корупцијата и организираниот криминал. Учесниците разговараа за тоа какви видови казни се предвидени за различни видови прекршувања на законите, како и колку се тие ефикасни во спречувањето на идни прекршувања. Дискусијата се осврна и на можностите за вклучување на граѓанското општество и како тие можат да им помогнат за да ја подобрат својата работа.

Работилницата е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“, финансиски поддржан од Европската Унија

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Здружено во борбата против корупцијата