Родум од Македонија – неповторливо искуство - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Родум од Македонија – неповторливо искуство PDF Print E-mail
Friday, 29 July 2022 09:56

Дванаесет млади студенти од дијаспората успешно го завршија својот тринеделен престој во земјата. На завршниот настан по повод заокружување на програмата  „Родум од Македонија“ кој се одржа на 21 јули 2022 година, тие ги споделија своите впечатоци и искуства.

Picture1

„Мојот омилен дел од програмата беше мојата пракса. Научив многу работи поврзани со областа во која се насочени моите академски студии. Ова е моја прва посета на Македонија, и се уверив во тоа што моите баба и дедо секогаш ми го раскажувале. Многу сум благодарен за луѓето кои ги запознав и за местата кои имав можност да ги посетам.“-  рече Џејмс Трентос до САД. Тој беше практикант во здружението Екосвест, во Скопје каде го анализираше секторот за шуми во Македонија и направи преглед на добри практики и искуства од управувањето со шумите во Канада, каде ги обавува своите студии.

Picture2

За Наум Хофман од САД ова не била прва посета во Македонија. „Интересно беше да се посетат Охрид и Галичник. Моето семејство потекнува од источниот дел на Македонија, но сега имав можност да ги видам убавините на другите места во земјата. Најважни за мене беа новите познанства кои ги стекнав, бидејќи таму од каде што доаѓам немам многу контакт со Македонци“, рече тој. 

„Пресреќен сум што стекнав толку многу пријатели за време на оваа програма. Имам многу фотографии и спомени од времето поминато тука. Исто така уживав во мојата пракса и имав можност да направам споредба на работата овде и во САД,“ ни рече Метју Костов од САД кој престојуваше во Битола, а беше практикант во Битолската лабараторија.

На настанот присуствуваа семејствата домаќини, претставници од компаниите каде учесниците ја извршуваа својата практична работа, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз и други поддржувачи на програмата.

Picture3

Ангела Ефремова од Канада, која беше практикант во Б2Бет доби сертификат од своите ментори како благодарност за нејзиниот придонес во работата и за взаемното позитивно искуство. „Вклучувањето во Б2Бет за мене значеше можност да се запознаам со работата во повеќе оддели како човечки ресурси и маркетинг, со кои претходно немав допирни точки, а сега ги гледам како остварлива опција за мојата кариера во иднина,“ ни рече таа.

Picture4

И за останатите учесници праксата беше дизајнирана да биде во согласност со нивните академски цели, со нивните кариери или општите интереси. Компаниите кои ги отворија вратите на учесниците на „Родум од Македонија“ беа: Министерството за правда, Екосвест, Музејот на македонската борба, Студио ЗООТРОП, МЦМС, Б2Бет, Адвокатска канцеларија Спирески, Адвокатски друштво ДДК, Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Битола, иСоурсе Битола и Битолската лабараторија.

За време на викендите учесниците го разгледаа градовите Скопје, Охрид и Битола, а беа и на традиционалната Галичка свадба. Во текот на својот престој тие имаа можност да го посетат и Собранието на Република Македонија, Амбасадата на САД во Скопје, Град Скопје и општина Битола и канцеларијата на НДИ во Скопје.

Picture5

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) како спроведувачи на проектот, заедно со новите партнери Алијанса Битола кои се приклучија оваа година,  до сега, им овозможија на вкупно 45 млади луѓе од Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Велика Британија и Швајцарија да поминат низ ова неформално но интензивно враќање кон корените и поврзување со татковината на предците.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Родум од Македонија – неповторливо искуство