Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) [2021-2024] - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) [2021-2024] PDF Print E-mail
Tuesday, 01 March 2022 13:11

Поради својата геостратешка положба, Северна Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, не е имуна на насилен екстремизам и тероризам како транснационални и трансрегионални феномени. Насилниот екстремизам, спротивставувањето на тероризмот, вклучително и враќањето на странските терористички борци и нивните семејства е веќе голем предизвик за нашите институции и за целата земја.

Проценката е дека од Северна Македонија на странските боишта заминале околу 156 лица. До сега во земјава се вратија 83 од нив по што, голем број се соочија со судски процеси и осудени на неколку години затвор. Дел, сè уште ја отслужуваат, додека некои се веќе ослободени. Поддршката за реинтеграција на овие лица значи и поддршка на заедниците да им помогне во тој процес со што ќе се спречи рецидивизам т.е. повторување на делото. 

Државата усвои Национален акциски план за ресоцијализација и реинтеграција на повратници од странски боишта со кој треба да се олесни нивното повторно вклучување во заедниците. Добрата  средина во заедниците е критичен столб за интеграцијата за што граѓанските организации можат да придонесат. 

Програмата е дизајнирана да опфати повеќе аспекти од создавањето заедница која ќе ги  прифати повратниците од странски конфликти и нивните семејства, и која ќе биде активна за подигање на свеста за превенција и борба против насилниот екстремизам, вклучително и крајно десничарски екстремизам и етно -национализам.

Секоја директна работа со крајните корисници ќе се врши во целосна координација со владините институции и сите останати засегнати ентитети.

Општа цел на програмата е иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучувајќи ги и оние со повратници) во Северна Македонија.

Оваа програма има за цел да обезбеди поддршка за ранливите семејства, главно во заедниците со повратници, нудејќи услуги за подобрување на благосостојбата, како што се психо-социјална поддршка и поддржан пристап до пазарот на трудот, како и овозможување средина за понатамошна индиректна поддршка во иднина, во соработка со властите. Со помош на локални референтни групи (групи со локални неформални лидери, т.е. луѓе со авторитет и доверба во локалните заедници т.е. верски работници, наставници, работници од НВО и слично). Активностите на програмата ќе се спроведуваат во Скопје: Чаир, Сарај, Арачиново, Гази Баба, Бутел и Студеничани; Куманово и Липково, како и во Тетово. Дел од активностите ќе се спроведуваат на национално и регионално ниво (Косово, Албанија).

Целни групи на програмата се: ранливите семејства, повратниците и нивните семејства, нивните соседи, членовите на заедницата во областите каде што живеат повратници, вклучувајќи работници од првата линија (лидери на заедницата), авторитетите/релевантните институции на национално и локално ниво локалните и националните медиуми (нивните уредници и новинарите).

Очекувани резултати на програмата се: 

  1. Ранливите групи се чувствуваат интегрирано;
  2. Локалните засегнати страни/лидерите на заедницата учествуваат во процесите за реинтеграција и им помагаат на ранливите семејства;
  3. Припадниците на заедницата покажуваат намалено ниво на стигматизација/зголемено ниво на прифаќање на повратниците;
  4. Националните и локалните медиуми ги разбираат процесите поврзани со повратниците и нивните семејства и создаваат позитивна атмосфера;
  5. Зајакната институционална рамка и механизми за координација за актерите за истражување;
  6. Работниците од првата линија (Frontline workers) постигнале заедничко разбирање за процесите на реинтеграција и ресоцијализација како и борбата против насилниот екстремизам;

Активностите кои се предвидени се:

  1. Поддршка на повратниците и нивните семејства; 
  2. Воспоставување пракса за „упатување“
  3. Намалување на стигматизацијата и зголемување на степенот на прифаќање на повратниците во заедниците
  4. Сензитирање на медиумските работници 
  5. Зајакнување на капацитетите на релевантните чинители/институции
  6. Зајакнување на улогата на работниците на прва линија

МЦМС ќе ја спроведува програмата во партнерство со: НЕКСУС – граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плеиадес и Хоризон Цивитас

Периодот на спроведување е 1 јули 2021 г. - 30 јуни 2024 г.

Буџетот изнесува: 38.090.080 МКД и е обезбеден од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата - ГЦЕРФ

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП) [2021-2024]