Младите заменија еден школски ден со работен ден во МЦМС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Младите заменија еден школски ден со работен ден во МЦМС PDF Print E-mail
Wednesday, 10 November 2021 17:07

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) овозможи пракса за четворица средношколци (4 година) кои како волонтери се вклучија во денешните работни задачи. Волонтирањето се реализираше преку проектот „Општествен ден“ (SOCIAL DAY) кој со својот уникатен и систематски пристап промовира солидарност и активизам помеѓу младите. 

IMG 20211110 135045 1

На 10.11.2021 година средношколците заменија еден училиштен ден со работа на неколку програми во МЦМС како проектни асистенти. Ева Доневска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Верица Георгиева од гимназијата „Алгоритам“ се вклучија во тимот за развој на граѓанското општество, додека Зафир Стојчевски и Веда Ефтимова од гимназијата „Алгоритам“ имаа задачи поврзани со активностите за борба против-корупција и во програмата Цивика мобилитас. Нивните активности вклучуваа деск истражување како поддршка на неколку истражувања кои редовно се прават во МЦМС. 

Овие млади денес добија практично искуство во работата во граѓанскиот сектор. Дневницата која што ја добија, ќе ја донираат во младински фонд кој што наскоро ќе поддржи најмалку два младински проекти за подобрување на образованието. 

Генералната цел на овој концепт е промовирање на солидарност помеѓу младите и поттикнување на нивно активирање во заедницата за време на нивните средношколски денови и поттикнување на општествена одговорност. Но, концептот е и многу повеќе од алатка за креирање на фондови. Тоа е моќен инструмент за глобална солидарност и општествена одговорност. Сите активности се креирани од и за младите. Проектот е спроведуван од здружението „Младите можат“, а поддржан од германската фондација Schuler Helfen Leben.

Волонтирањето во МЦМС е секогаш добредојдено и ценето. Ни преставува задоволство што може позитивно да влијаеме на развојот на младите и да им овозможиме својата иднина да ја гледаат во својата земја. 

 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Младите заменија еден школски ден со работен ден во МЦМС