Јавноста треба да биде информирана за постигнувањата на граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавноста треба да биде информирана за постигнувањата на граѓанските организации PDF Print E-mail
Thursday, 03 June 2021 08:28

Како да се подобри информирањето на граѓанските организации кон јавноста за таа да го согледа нивниот придонес во промените на општеството? Како да се помести известувањето од активности кон постигнувања? Како да им се пренесе на граѓаните пошироката слика од она што се секојдневни активности? Ова беа главните прашања за кои разговараа 20 претставници на грантистите на Цивика мобилитас на работилницата „Информирање за постигнувањата“ која се одржа на 2 јуни 2021 година.

1.6. Informiranje za postiguvanjata 2.6.2021 1 1024x499

Кратката анкета што се спроведе на почетокот на работилницата, а во која учествуваат сите, покажа дека организациите почесто ги користат социјалните медиуми отколку веб страните за да споделат информации за тоа што го работат. Мнозинството  од учесниците потврдија дека информациите што ги пласираат, најчесто се однесуваат на спроведените активности.

Преку презентации, работа во групи и дискусии, учесниците имаа можност да ги препознаат разликите помеѓу активностите, продуктите, постигнувањата, влијанието. При тоа, тие работеа на веќе објавени информации од нивните организации, ги анализираа и подобруваа. Тие разговараа за тоа дека информирањето за постигнувањата не значи дека не треба да се известува за активностите но, тие да им ја дадат на граѓаните перспективата, односно кон што водат и какви ќе бидат крајните ефекти.

Со обучувачите зборуваа и за процесот на подготовка и дистрибуција на информацијата, начинот на пишување и планот за дистрибуција. Работилницата беше одлична можност да се добие повратна информација, не само од обучувачите, туку да се слушнат размислувањата и искуствата и на другите колеги од граѓанскиот сектор. Ова ја направи работилницата прилично интерактивна и интензивна, што беше особено важно ако се има предвид дека се спроведуваше онлајн.

Учесниците високо го оценија овој пристап на учење. Тие беа едногласни дека вакви работилници се мошне потребни и корисни и изразија подготвеност за практикување на стекнатите знаења и вештини.

1.4. Informiranje za postiguvanjata 2.6.2021 1024x454

Работилницата ја водеа Марина Тунева, извршен директор на Совет за етика во медиумите во Македонија и Гонце Јаковлеска, национален координатор за информации и комуникација на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас поддржува иницијативи за взаемно учење и споделување помеѓу грантистите, а оваа работилница е еден од тие примери, односно Совет за етика во медиумите во Македонија е корисник на институционален грант во рамки на програмата.

Таа е прва од низата планирани работилници во програмата за учење на Цивика мобилитас, која е наменета за грантистите на програмата. Во следниот период ќе се организираат работилници и обуки со слични содржини но, и други тематски обуки.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Јавноста треба да биде информирана за постигнувањата на граѓанските организации