Избрани се новите акциски грантисти - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани се новите акциски грантисти PDF Print E-mail
Wednesday, 31 March 2021 19:13

Комисијата за избор на грантови на Цивика мобилитас ги оцени пристигнатите пријави и додели седум грантови кои ќе ги спроведуваат вкупно 22 организации (списокот на апликантите и нивните партнери е на крајот од текстот).  

dodeleni akciski grantovi

Акциите на новите грантисти ќе се спроведуваат во 9 различни сектори и ќе опфатат теми за  развој на граѓанското општество, родовите прашања, демократијата, животната средина и природните ресурси, доброто владеење, човековите права, образованието, науката и истражувањето.

Со дел од проектите ќе се развива модел за јакнење на граѓански/женски алијанси (платформи) за застапување на социо-економски политики на локално ниво при закрепнувањето од пандемијата; ќе се формира диспечерски центар и мобилен тим за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини; ќе се создадат алатки кои ќе го зголемат обемот на донации за општествено релевантни иновативни проекти. Потоа,  ќе се подобрува функционалноста и транспарентноста на локалниот инспекциски надзор и ќе се поттикнува двонасочната комуникација со граѓанските организации и граѓаните воопшто; ќе се зајакнуваат  меѓуетничките односи и ќе се превенира радикализација преку креирање на систем за врсничко учење. Со некои од акциите ќе се воспостави систем за мониторинг на политиките и легислативата од областа на заштитата на дискриминацијата, со посебен фокус кон работата на новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација итн.

Поддржаните акции во главно ќе се спроведуваат на национално ниво, а дел на регионално и локално. Грантистите доаѓаат од пет региони и тоа од скопскиот, источниот, југозападниот, пелагонискиот и североисточниот регион.

На повикот што беше отворен до 3 март 2021 г. пристигнаа 92 пријави на вкупно 195 граѓански организации, фондации и медиуми. Од нив, 83 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата. 

  1. Здружение за унапредување на родовата еднаквост АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА Скопје во соработка со Институт за општествени и хуманистички науки  и Здружение Радика – ДЕ Дебар со проектот Родова димензија на политики во фокус – јакнење на резилиентност во пост-ковид период 
  2. Еколошко друштво ЗДРАВЕЦ 2002 Македонска Каменица  во соработка со Здружение на пензионери на Македонска Каменица и Здружение ГЛАС НА ЕДНАКВОСТА Македонска Каменица со проектот Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини 
  3. Научна фондација СПИРОСКИ Скопје во соработка со Здружение на граѓани Македонска медицинска студентска асоцијација - ММСА и Студентски организирана медицинска асоцијација СОМА, Штип со проектот НФС – Дарителски регистар за коскена срцевина [НФС-ДРКС] 
  4. Здружение за дигитални иновации и трансформации ХАБ Скопје во соработка со Центар за економски анализи Скопје, Здружение за поддршка со помош на социјално исклучените и сиромашни лица ХРАНА ЗА СИТЕ – БХМ Скопје и Асоцијација на специјализанти и млади лекари Македонија – АСМЛ со проектот Make it easy – воспоставување на прва краудфандинг платформа за граѓански иницијативи во Северна Македонија 
  5. Фондација НВО Инфоцентар во соработка со Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга и Здружение Регионален центар за соработка СПЕКТАР Крива Паланка со проектот Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните 
  6. Здружение на граѓани НЕКСУС – ГРАЃАНСКИ КОНЦЕПТ Скопје во соработка со Здружение за развој и активизам „Аква“ Струга и Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност ХОРИЗОН ЦИВИТАС Скопје со проектот Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми
  7. Здружение ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Скопје во соработка со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп со проектот Интерсекциска дискриминација во С. Македонија
 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Избрани се новите акциски грантисти