Граѓаните се сомневаат во капацитетот на властите за спроведување реформи без надворешен притисок - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните се сомневаат во капацитетот на властите за спроведување реформи без надворешен притисок PDF Print E-mail
Friday, 15 January 2021 15:38

На крајот на претходната година, Владата го најави планот наречен Акција-21, за европски стандарди дома. Планот е одговор на блокадата за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, предизвикана од барањата на Бугарија. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги проверуваа ставовите на граѓаните за тоа дали властите имаат капацитет да спроведат дел од реформите без надворешен притисок и за тоа како ја гледаат иднината на ЕУ.

13 1

Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните не веруваат дека властите имаат капацитет да ги спроведат потребните реформи без надворешен притисок. Вкупно 56,1% воопшто или до некаде не се согласуваат со изјавата дека реформите можат да се спроведат без надворешен притисок. За разлика од нив, 42,1% целосно или до некаде се согласуваат дека властите имаат капацитет за спроведување реформи. Етничките Албанци повеќе се склони да веруваат дека реформите можат да се спроведат без надворешен притисок во однос на етничките Македонци.

Владата нема капацитет за реформирање на судството, смета мнозинството граѓани. Ова бил одговорот на над две третини (68,5%), додека околу една четвртина или 26,0%, рекле дека Владата има капацитет за вакви реформи. Повозрасните повеќе веруваат во капацитетот на Владата за спроведување на реформи во судството. Околу десетина процентни поени е разликата кај крајните категории, односно, кај најмладите, оние од 18 до 29 годишна возраст, 23,4% препоз-нале капацитет за реформи во судството за разлика од 33,0% кај оние над 65 годишна возраст.

14 1

Мнозинство од граѓаните сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата. Ова уверување е за нијанса поизразено во однос на реформите во судството, односно 71,8% рекле дека сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата во државата, додека 23,4% сметаат дека има.

15 1

Ставовите на граѓаните за иднината на Европската Унија се песимистички. За нијанса е поголем бројот на испитаници кои сметаат дека ЕУ веројатно ќе успее да ги надмине сегашните проблеми но, се повеќе ќе се затвора и се потешко ќе прима нови членки (30,2%) од оние кои сметаат дека во иднина, ЕУ ќе се среќава со се поголеми проблеми и поверојатно е дека потполно ќе се затвори, дури и распадне, отколку дека и понатаму ќе се проширува и зајакнува (29,5%). Во двете најчесто избрани изјави клучно е се поголемото затворање на ЕУ за прием на нови членки. Малку повеќе од четвртина од испитаниците (26,9%) се одлучиле за изјавата „ЕУ ќе ги надмине сегашните проблеми и понатаму ќе се шири, а пред неа е добра иднина“.  

16 1

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата  е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа Шведската агенција за меѓуна-роден развој (СИДА) преку проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓаните се сомневаат во капацитетот на властите за спроведување реформи без надворешен притисок