Повик за обука за комуникации и видливост на граѓанските организации |
Tuesday, 11 February 2020 11:23 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на:
Обуката ќе им послужи на учесниците да развијат комуникациска стратегија за нивната организација и ќе ги запознае со методите и техниките за зголемување на видливоста. Покрај тоа, особено внимание ќе се посвети на креирањето богата и примамлива содржина за публиката; како и примена на онлајн алатките потребни за континуирано интернет присуство на организациите. Обуката е на основно ниво и ќе биде најкорисна за лицата кои работат на комуникација и видливост во граѓанските организации, па истите ќе имаат предност при аплицирањето. Пријава за обука за комуникации и видливост Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 20 февруари 2020 година до 16 часот. Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.
|