Повик за доделување мали акциски грантови за застапување - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доделување мали акциски грантови за застапување PDF Print E-mail
Friday, 27 September 2019 15:43

Целта на повикот е поддршка на локалните организации во подготовка и спроведување иницијативи за застапување, придонес кон подобри локални политики и активности на локално ниво. Преку овој повик се очекува да се зголеми придонесот на граѓанските организации во заедницата како и да се подобрат нивните врски со граѓаните. Овој повик ќе поддржи активности кои ќе ја зајакнат локалната демократија, преку застапување на потребите и надминување на проблемите на локално ниво, на пример активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други проблеми и предизвици кои се од интерес на локалната заедница.

povik za grantovi

Мали акциски грантови за застапување

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 30.000 евра (1.845.000,00 МКД).

Со овој повик ќе се доделат не повеќе од десет мали грантови со:

  • минимален износ: 2.000 евра (123.000 МКД);
  • максимален износ: 3.000 евра (184.500 МКД).

За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да обезбедат кофинансирање.

Времетраењето на проектите не треба да биде помалку од 4 односно повеќе од 6 месеци.

Рокот за поднесување на апликацијата е 10 октомври 2019 година,  најдоцна до 16:00 часот.

Апликациите се доставуваат на адреса: Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, ул. „Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7, 1000 Скопје (наспроти дирекцијата на НЛБ Тутунска банка Скопје) или Ресурсен центар Гостивар, ул. Тоде Богдановски бр. 90, 1230 Гостивар и тоа по пошта (исклучиво со препорачано писмо), по курир или со лична достава.

Потребни документи

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од: 

  • Формулар за аплицирање;
  • Буџет;
  • Копија од тековната состојба (не постара од 6 месеци) од денот на поднесување на апликацијата;
  • Копиja од наративен и финансиски извештај за 2018 година. 

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: Референтен број 11-86/2-2019, најдоцна до 27 септември 2019 година до 16:00 часот. Поставените прашања и одговори ќе бидат објавени на www.rcgo.mk на 4 октомври 2019 година.

Информативни сесии

Претставници од Граѓанскиот ресурсен центар од Скопје и Гостивар од 17 до 19 септември ги посетија Тетово, Велес и Прилеп, каде одржаа информативни сесии за новиот повик за доделување мали акциски грантови за застапување.

Заинтересираните учесници од локалните граѓански организации покрај деталите за повикот, добија и насоки за пополнување на формуларот и буџетот како клучни документи во процесот на аплицирање.

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 16 септември 2019 година на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Повик за доделување мали акциски грантови за застапување