Нови случувања на полето на антикорупцијата на Балканот - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови случувања на полето на антикорупцијата на Балканот PDF Print E-mail
Monday, 05 August 2019 09:37

Проверете го новото издание на билтенот за антикорупција и добро владеење на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ.

20190805 Newsletter seldi juni juli

Од вестите во регионот, за периодот јуни- јули, можете да прочитате повеќе за македонскиот Извештај во сенка за имплементација на антикорупциски мерки од меѓународната конвенција УНКАК; за првата средба на истражувачките новинари од Западен Балкан; контролата на имот на 974 високи функционери од Косово; како и за резултатите од шестиот циклус истражувања за буџетската транспарентност во Хрватска.

Освен тоа, проверете ги и неодамнешните извештаи и анализи меѓу кои за застарениот јавен сектор во Србија, извештаите на ЕУ за земјите од Западен Балкан и Турција, компаративна анализа за вклученоста на граѓанското општество во процесот на ревизија на Конвенцијата УНКАК и сл.

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Нови случувања на полето на антикорупцијата на Балканот