Избрани 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас |
Monday, 08 July 2019 12:33 | |||
Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на првиот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-ИНС-04). Добитници на институционален грант се 15 организации и тоа:
Новите грантисти дејствуваат во 10 различни сектори и тоа најмногу во секторот на информации, комуникации и медиуми; но и во секторите за човекови права; развој на граѓанското општество; владеење на правото; антикорупција; ЛГБТИ; добро владеење; животна средина; и деца, млади и студенти. Најголем дел од грантистите (12) дејствуваат на национално ниво, две регионално во земјата, а една дејствува регионално на Балканот. На повикот што беше отворен до 3 јуни 2019 г. беа поднесени 144 пријави за институционални грантови. Најголем дел од апликантите делуваат на полињата деца, млади и студенти (18%) и човекови права (10%), а најмалку, односно по еден апликант, се занимава со толеранцијата, транспарентноста, миграцијата и децентрализацијата.
|