17 организации научија нови методи и техники за мобилизирање ресурси |
Monday, 11 February 2019 00:00 | |||
Oбуката за мобилизирање ресурси се одржа на 7 и 8 февруари во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, на која учество зедоа 17 претставници на граѓански организации. Тие се запознаа со различните можности за финансирање на организациите, алатки за подготвување на стратегии и планирање на активности за мобилизирање ресурси. Преку практични вежби учесниците направија проценка на одржливоста на својата организацијата, мапирање на изворите на ресурси а исто така одредија стратешки цели и поставија индикатори за успех во активности за мобилизирање на ресурси. „Обуката беше и повеќе од корисна. Најпродуктивно беше тоа што низ практичните вежби, со пластични примери, навлеговме во суштината на начините за мобилизација на фондови и ресурси, кое многу ќе ни помогне при барање поддршката од донаторите“, изјави Жаклина Цветковска од РЦС Спектар, Крива Паланка. Најголем дел од прашањата на присутните беа одговорени на самата обука, а нивното знаење и вештини се значително зголемени со обуката. Дополнително неколку организации истакнаа дека ќе продолжат да работат во своите организации на подготвување на стратешки план за мобилизирање на ресурси. Неколку организации наведоа потреба од организирање на обуки за подготвување на проектна апликација и управување со проектен циклус. Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведе експертот Лилјана Алчева. Оваа обука е дел од програмата за градење капацитети на граѓанските организации спроведувана во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.
|