Перцепциите на граѓаните за вакцинирањето |
![]() |
![]() |
![]() |
Monday, 18 February 2019 17:07 | |||
Aвтор: Јасмина Михаиловска
Дебатата за и против вакцинирањето се води веќе неколку години, со различен интензитет. Здравствените власти и родителите кои се за вакцинирањето од една страна и дел од родителите кои се противат на вакцинирањето најчесто ги разменуваат аргументите преку медиумите, вклучително и социјалните медиуми. Според Министерството за здравство, појавата на оваа болест е резултат на повеќегодишните кампањи против вакцинирањето што довело до опаѓање на бројот на вакцинирани, а вакцината против мали сипаници е единствениот лек „во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази“ Имајќи ги предвид двете страни во дебатата за и против, МЦМС одлучи да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Испитаниците беа прашани за важноста и придобивките од вакцините; за нивната информираност и довербата во системот на вакцинирање; за ставовите на родителите за (не)вакцинирањето и за стравовите од епидемија. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.
|