Идентификувајте ја промената која ја предизвикувате - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Идентификувајте ја промената која ја предизвикувате PDF Print E-mail
Thursday, 29 June 2017 14:46

Идентификувањето на општествената промена која ја предизвикуваат граѓанските организации беше главна идеја на работилниците кои се одржаа на 15 и 22 јуни во Скопје и во Велес.

Identifikuvajte ja promenata koja ja predizvikuvate 1

Учествуваа 29 претставници на институционалните грантисти на Цивика мобилитас. Ја водеа Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата, во соработка со Александар Николов и Душко Тодороски од Асоцијацијата Зенит, која воедно е специфичен акциски грантист на Цивика мобилитас.

„За нас, како Цивика мобилитас, многу е важно да го подобрите вашето известување бидејќи сакаме да знаеме кои ви се постигнувањата за времето на користење на грантот. Вие правите важни промени во општеството, меѓутоа мора да знаете како да ги препознаете истите,“ им се обрати Форестер на присутните.

На работилницата се дискутираше за концептот на набљудување и оценка и за различните пристапи. Беше претставен концептот „Синџир на резултати“, а на крај се дискутираше за употребата на индикатори кои ќе помогнат при мерење на влијанието кое се предизвикува.

Identifikuvajte ja promenata koja ja predizvikuvate 2

Учесниците правеа практични вежби за рангирање и оценување. Во помали групи, тие можеа да ги анализираат резултатите од својата работа и преку индикаторите да го измерат влијанието кое го имаат предизвикано. На овој начин, тие споделија свои но имаа можност да видат и туѓи искуства во оваа област.

Како позитивен пример може да се издвои видеото кое го презентираа од Меѓаши со цел да го претстават исходот од нивната работа, како и работата на уште неколку други граѓански организации.

Учесниците изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие се согласија дека во нивното досегашно известување се задржувале до презентирање на резултатите и не посветувале доволно време на мерење на поширокото влијание кое го предизвикуваат. Во практичниот дел добија корисни препораки од предавачите кои ќе можат да ги применат во иднина.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Идентификувајте ја промената која ја предизвикувате