Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности PDF Print E-mail
Tuesday, 31 May 2016 15:29

Автор: д-р Наташа Габер-Дамјановска
Дата: февруари 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-54-0
PDF: vo-odbrana-na-Ustavot-i-civilizaciskite-vrednosti.pdf

vo-odbrana-na-ustavot-i-civilizaciskite-vrednostiОставајќи траги за постоењето и дејствувањето на Уставниот суд, се одлучив на пошироката јавност да ѝ ги предочам моите активности во стручното и професионално извршување на функцијата што ми е доверена – судија на Уставниот суд на Република Македонија. Веднаш да напоменам дека во страниците кои следуваат се сместени моите издвоени мислења за предмети кои добија поинаква разрешница, а кои, одвреме навреме, ѝ беа познати на јавноста и се објавени како и сите други судски одлуки на веб-страницата на Судот. Секако, тоа е само дел од моите ставови изразени во судската практика, бидејќи постојат и голем број други судски одлуки каде мојот став бил во сообразност со донесените решенија на Судот.

Но, пред сè, чест ми е што ми се укажа доверба да ја извршувам функцијата уставен судија на Република Македонија. Мојата мисија при вршењето на оваа одговорна функција ја гледам во практичното оживотворување и одбрана на уставните принципи при секоја одлука која Уставниот суд ја носи. Тоа е токму тој акт во кој длабоко се врежани принципите на државноста и политичкиот систем, но и гаранциите за правата кои државата ги обезбедува кон своите граѓани, изворно преземени од либералната традиција. Уверена сум дека со сиот мој капацитет, давам придонес за објективна, стручна и аргументирана одбрана на уставните принципи.

Мотивот за објавување на оваа книга лежи во личната потреба да ги споделам со јавноста сопствените ставови и размислувања искажани за бројни правни дилеми со кои сум се сретнала во уставносудската пракса. Бездруго бројните закони и други акти кои се носат од различни органи, тела и субјекти, а кои подлежат на уставносудска контрола, задираат во правата и обврските на граѓаните во најразлични области, често од животно значење за нив. Во таа смисла ја гледам обврската на судијата да се обидува преку неговата работа да обезбеди оживотворување на Уставот преку негова хармонизација на законите и другите акти, доследна реализација на уставнозагарантираните права и принципи, како и сеопфатно владеење на правото.

Оваа збирка на дел од моите издвоени мислења ја отсликува потребата за искажување на сопствениот став и мислење за бројни прашања по кои се разликував од одлуката на мнозинството мои колеги. Длабоко верувам дека стручно изложените спротивствавени мислења кои во Уставниот суд се впрочем и деловнички регулирани како право на судијата, придонесуваат кон квалитетна дебата за значајни општествени прашања. Во тоа светло, оваа книга претставува сведоштво и хронологија на прашања, теми и области за кои сметам дека начинот на нивна нормативна регулација не била во склад со Уставот. Можноста овие ставови, и покрај достапноста на јавноста до одлуките и решенијата на Уставниот суд, да бидат прикажани збирно, претставува начин да се поседува корисен извор на информации кој е попопуларен и служи за потребите на пошироката јавност, зошто не и за идни истражувања и научни осврти. Демократската дебата која можеби ќе произлезе од ова изложување на вака спротивставените ставови верувам дека ќе придонесе и за идно подобро нормирање на наведените прашања, кон избегнување несоодветни нормативни пристапи или за потрага по поголем степен на општествен консензус при донесувањето одлуки, а се во рамката која ја нуди Уставот на Република Македонија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности