Како до даночно опкружување за граѓанските организации? - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како до даночно опкружување за граѓанските организации? PDF Print E-mail
Thursday, 05 November 2015 16:47

На 27 и 28 октомври 2015 г. во Маврово, Проектот ТАКСО и Ресурсниот центар - ТАКСО воден од МЦМС организираa работилницата за даночната рамка на граѓански организации. На работилницата учествуваа шестмина познавачи на даночната легислатива и граѓанското општество, меѓу кои Емина Нурединоска и Симона Огненовска од МЦМС.

Kako do danochno opkruzhuvanje za gragjanskite organizacii

Учесниците дискутираа за наодите од компаративната анализа  на даночниот третман на граѓанските организации кај данокот на добивка и персоналниот данок на доход во Велика Британија, Чешка, Бугарија и Хрватска. Анализата е подготвена од страна на Европскиот центар за непрофитно право. Врз основа на искуствата од овие земји, се дискутираа потребните промени во локалното законодавство, особено, потребата за ревидирање на амандманите од овие два закони кои беа предложени од група на граѓански организации во октомври 2014 г. до министерството за финансии. Учесниците констатираа дека треба да се зајакне аргументацијата за амандманите со податоци од компаративната анализа и да се направи проценка на импликациите врз буџетот.

Kako do danochno opkruzhuvanje za gragjanskite organizacii 1

Клучното прашање за кое треба да се застапува е ослободување од персонален данок на трошоци за службени патувања за лица кои не се во работен однос, а се ангажирани од организациите, како и за трошоците за сместување, превоз и исхрана за учесници во активности кои ги организираат граѓанските организации. Исто така, беше нагласено дополнителното оптоварување на организациите со персоналниот данок кој не се признава од страна на Делегацијата на ЕУ и ЦФЦД во проекти финансирани од ЕУ. Клучната промена кај данокот на добивка траба да биде изземањето на граѓанските организации како даночни обврзници.

На работилницата беа утврдени и следните чекори за ревизија на амандманите и нивно повторно поднесување. Дополнително беше опфатен и Законот за донации и спонзорства од јавни дејности и потребите за подобрување по измените кои ги претрпе во 2014, како и можностите за поврзување на статусот од јавен интерес со даночните користи.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Како до даночно опкружување за граѓанските организации?