Цивика мобилитас на Д-фестивал во Дојран |
Tuesday, 14 July 2015 13:18 | |||
Цивика мобилитас ве поканува да учествувате на настаните што ќе ги организира во рамките на „Д-фестивалот“ во Дојран што се одржува од 17 до 19 јули 2015 година. Посетете ја Информативната сесија за Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“, што ќе се одржи на 18.7.2015 г., од 10.00 до 11.30 ч. На сесијата ќе бидат презентирани можностите кои програмата ги нуди за вклучување на граѓанските организации, неформалните здружувања и граѓаните. Посебен акцент ќе се даде на важноста на граѓанскиот ангажман, поточно на вклучувањето на граѓаните во граѓанските организации. Учествувајте на Форумот – Граѓаните за промена, што ќе се одржи на 19.7.2015 г., од 10.00 до 11.30 ч. Тема на форумот е граѓанскиот ангажман во Македонија, поточно вклученоста на граѓаните во иницирањето и постигнувањето општествени промени. На Форумот ќе биде разговарано за тоа:
На форумот ќе презентирани искуства, пример, активности во Македонија поврзани со постигнувањето критична маса за иницирање и правење општествени промени. Воведничари ќе бидат претставници на актуелните неформални здружувања.
|