Препораки за овозможувачка околина за граѓанските организации во регионот - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Препораки за овозможувачка околина за граѓанските организации во регионот PDF Print E-mail
Wednesday, 01 July 2015 12:17

Regional BCSDNОбјавен е Регионалниот извештај за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во 2014 година чиј што дел за Македонија го подготви МЦМС. 

Во Регионалниот извештај се сумирани клучните наоди од осум извештаи на земјите во Западен Балкан (Албанија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија) и Турција и се споредени со наодите и резултатите со регионалниот извештај од 2013. Извештаите од следењето во земјите беа подготвени од организации членки на БЦСДН.

Преку идентификувањето на клучните заеднички прашања се нагласуваат приоритетите за интервенција на регионално ниво и се поддржуваат напорите на граѓанските организации, државните институции и Европската Унија во создавањето на што е можно подобра околина за развој на граѓанско општество.

Извештајот содржи препораки за националните институции во овие осум земји. Се бара соодветно спроведување во пракса на законски загарантираното право на слобода на здружување; почитување на законски загарантираното право на мирно собирање и други поврзани слободи (слобода на изразување); поволен фискален третман на граѓанските организации преку измени во релевантни даночни закони; реформирање и почитување на механизмите за алокација и дистрибуција на државното финансирање; стимулирање на вработувањето и волонтирањето во граѓански организации преку државните политики; обезбедување целосно функционални стратешки и институционални механизми за соработка меѓу граѓанското општество и владата и обезбедување вклучување на граѓанските организации во креирањето политики и донесувањето одлуки.

Извештајот е подготвен од страна на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), со финансиска поддршка на Европската Унија во рамките на проектот „Аки (Acquis) на Балканското граѓанско општество – Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Препораки за овозможувачка околина за граѓанските организации во регионот