Граѓанските организации делуваат во релативно овозможувачка околина - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанските организации делуваат во релативно овозможувачка околина PDF Print E-mail
Tuesday, 31 March 2015 15:07

Ова го покажа истражувањето спроведено во три клучни области кое МЦМС го презентираше во новиот Извештај за овозможувачка околина за развојот на граѓанското општество кој се однесува на периодот од јануари до ноември 2014.

Gragjanskite organizacii deluvaat vo relativno ovozmozhuvachka okolina

Во првата област, основни загарантирани законски слободи, се констатира дека правната рамка е солидна и дека правото и слободата на јавен собир значително се практикува. Сепак, забележани се дневнополитички злоупотреби и изолирани случаи на ограничување на просторот на собирање, користење повеќебројно/ несразмерно присуство на полициска сила на мирни собири.

Во рамки на втората област, финансиска одржливост на граѓанските организации, наодите од истражувањето покажуваат дека државното финансирање, вклучително и средствата генерирани од игри на среќа и забавни игри (лотарии) не е реформирано. Отсуствува институционалната поддршка од државата за граѓанските организации, како и кофинансирање на ЕУ и меѓународни проекти. Граѓанските организации се изедначени со другите правни лица во поглед на даночните закони, т.е немаат олеснувања.

Во третата област, односот меѓу владата и граѓанските организации, се упатува на недостиг од политичка волја за суштинска соработка, и покрај преземените првичните чекори за воспоставување совет за развој на граѓанското општество.

Дополнително, во овој извештај истакната е важноста од задолжително вклучување на граѓанското општество во процесите на подготовка на закони и креирање политики.

Izveshtaj za ovozmozhuvachkata okolina za razvoj na gragjanskoto opshtestvo vo Makedonija 2014МЦМС втора година по ред го издава Извештајот за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество кој се заснова на следење на состојбите во националното законодавство и политиките важни за развојот на граѓанското општество во Македонија и нивната примена во пракса.

Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аквис (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓанските организации делуваат во релативно овозможувачка околина