Регионален извештај за проценка на корупцијата во Југоисточна Европа |
Friday, 21 November 2014 13:50 | |||
Уредници: Др. Огњан Шентов, Руслан Стефанов, Бојко Тодоров Регионалниот извештај за проценка на корупцијата во ЈИЕ е резултат на соработката на повеќе од 15 граѓански организации во рамките на СЕЛДИ мрежата. Пристапот за виктимизација базиран на истражување што го применува Системот за следење на корупцијата користен во овој извештај дава единствена проценка врз основа на податоци за напредокот во борбата против корупцијата во регионот уште од 2001 година. Процената извршена во периодот 2013-2014, чии главни наоди се сумирани во овој извештај, е редок случај во меѓународната практика на следење каде истите прашања и истиот регион се истражуваат во период нешто малку подолг од една деценија. Во процената се прави споредба на националното законодавство и институционалната практика во голем број области кои се клучни во напорите за борба против корупцијата: регулаторна и законска рамка, институционални предуслови, корупција во економијата, улогата на граѓанското општество и меѓународната соработка. Извештајот дава процена на гледиштето и политиката на граѓанското општество, додека главните наоди и препораките се дадени во консултација со националните и регионалните јавни институции.
|