Најдобрите практики на независни механизми за еднаквост во ЕУ и во регионот |
Friday, 10 January 2014 17:16 | |||
Автори: Осман Кадриу; Фисник Шабани Заштитата на еднаквоста во Република Македонија е уставна материја (materiaconstitutionis). Врз основа на тоа, позитивната регулатива на земјата ги предвидува и гарантира посебните тела и органи за заштита од дискриминација, како што се судовите, Уставниот суд, народниот правобранител, парламентарните комисии, како и Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). Оваа студија истражува неколку од меѓународните механизми за заштита на човековите права, еднаквоста помеѓу луѓето и борбата против дискриминацијата. Во неа е направена споредбена анализа и се претставени неколку од европските практики на институции и тела кои се надлежни за гарантирањето на еднаквоста во соодветните држави. Покрај другото, една од целите на оваа студија е да се добијат надворешните добри искуства кои ќе се споделат со надлежните институции во Република Македонија, особено Комисијата за заштита од дискриминација. Студијата, во некоја рака, ќе содржи конкретни препораки и предлози за подобрување и зајакнување на нивните капацитети.
|