Започна ангажирањето на жени од малцинските заедници во локалните претпријатија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна ангажирањето на жени од малцинските заедници во локалните претпријатија PDF Print E-mail
Saturday, 29 June 2013 00:00

Остварени се првите ангажмани за обука на заинтересираните кориснички во локалните претпријатија во рамките на проектот „Оспособување на жените погодени од конфликтот“. Пет жени од тетовскиот и од скопскиот регион во јули 2013 г. ќе започнат со тримесечна обука низ работа. Пред почетокот на обуката со повеќето идентификувани кориснички од овие региони беа направени консултации, а со дел и интервјуа за запознавање со обуката и претпријатието.

IMG 3011

Над 100 локални претпријатија и околу 300 жени од седумте општини: Липково, Сарај, Чаир, Јегуновце, Теарце, Желино и Маврово и Ростуша беа поканети да учествуваат во проектот. Од нив 45 претпријатија се вклучија во анкетата за пазарот на трудот и се подготвени да ги примат корисничките на проектот на обука низ работа.

Од разговорите и со корисничките и со претпријатијата може да се увиди мал јаз во побарувачката и понудата на работа сила. Корисничките одбраа занимања како што се шивачки, фризерки, готвачки, додека претпријатијата бараат продавачки, административни работнички (архива, сметководство и сл.), хигеничарки и др. Од овие причини со секоја од корисничките се прават поединечни консултации, врз чија основа се прави спојувањето со претпријатијата. Исто така во јуни 2013 г. беа подготвени и куси биографии како на корисничките, така и кратки профили на заинтересираните претпријатија и начелно спојување.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Започна ангажирањето на жени од малцинските заедници во локалните претпријатија