Информирајте се за текот на изборните кампањи |
Friday, 22 March 2013 17:53 | |||
Мојот избор ви нуди релевантни информации поврзани со изборните кампањи. Кандидатите за градоначалници и политичките партии овие денови одржаа 76 митинзи, средби и посети. Проверете кој од предизборните каравани кога доаѓа во вашето место на живеење. Вториот дел содржи анализа на финансиските извештаи на политичките партии. Партиите имаат обврска да достават вкупно три извештаи за употребата на финансиите во предизборната кампања. Финансиските извештаи на политичките партии за анализата се обезбедуваат од Државната изборна комисија. Кандидатите за градоначалници и политичките партии во изборната кампања ги промовираат своите планови и програми. Во ’темите на Daily.mk’ погледнете за што најчесто зборуваат. Од 15 теми поврзани со надлежностите на локалната администрација, досега најактуелни се комуналните дејности и транспарентноста и отчетноста. Која тема вас најмногу ве интересира? Погледнете кака котира во известувањата поврзани со изборите. Не ја пропуштајте можноста да се информирате за текот на предизборната кампања на Локалните избори 2013 посетете ја http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/izborni-kampanji.html
|