Соработка и вмрежување за прашања од заеднички интерес - извршно резиме |
Saturday, 28 August 2010 15:12 | |||
Граѓанските организации (ГО) во Република Македонија имаат релативно добро развиени меѓусебни односи и постои значително ниво на вмрежување. Од друга страна соработката на ГО, особено по прашања од долгорочен стратешки интерес е ограничена, заради што е потребно да се оствари подолгорочна и подлабока меѓусекторска соработка, координација и комуникација. Дополнително, за земја-кандидат за членство во ЕУ од огромно значење е македонските ГО да земат активно учество во постоечките европски мрежи, но и да формираат секторски мрежи во Македонија. За МЦМС од посебен интерес е градењето граѓански партнерства во Македонија, но и Балканот и поттикнување на вклучување во европските (и глобалните) партнерства, мрежи, сојузи. Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес. Целна група на проектот се општата јавност, граѓанските организации, државните институции, медиумите и деловниот сектор. Директни корисници се организациите членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БСЦДН), Европскиот сервис за граѓанска акција (ЕКАС), Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество меѓу ЕУ и РМ (ЗКК) и Цивикус. Очекувани резултати од проектот се: Подобрено учество на организациите на граѓанското општество од Македонија во домашните и меѓународните мрежи и тела; изградени капацитети за вмрежување и соработка; Преземени иницијативи за активности од заеднички интерес; Формулирана програма за работа на ГПМ; Зголемено активно учество на МЦМС во регионалните, европските и глобалните мрежи. Резултатите ќе се постигнат преку следните активности:
Во спроведувањето на проектот ќе биде вклучен поголем број на ГО. За дел од активностите ќе се вклучуваат и останатите организации на граѓанското општество, како што се синдикатите, стопанските комори и организациите на работодавачите, но и на другите сектори. Информации за активностите на проектот ќе се објавуваат редовно на веб-сајтот на МЦМС. За најава или известување за битните настани и активности ќе се испраќаат соопштенија за јавноста и организираат прес-конференции. Од учеството на настаните ќе се подготвуваат извештаи, а по потреба ќе се организираат и стручни состаноци. Со оглед дека во реализација на проектот се вклучени повеќе различни актери еден од ризиците е недостапност на актерите во планираниот период за спроведување на одредена активност. Во контекст на зголемена конкуренција меѓу ГО за намалените ресурси може да се очекува недостаток на волја за соработка, но и финансиска можност на ГО за учество во регионални и меѓународни мрежи и настани. Буџетот на проектот е 1.492.000 денари.
|