18 години МЦМС |
![]() |
![]() |
![]() |
Wednesday, 14 December 2011 16:11 | |||
Организацијата спроведе 1.544 проекти со вкупен буџет од 48.500.000 евра. Најголем дел од финансиите беа користени за основна и итна помош (31%), а најмногу проекти се однесуваа на граѓанското општество и демократијата (36%). Најголем дел од средствата (71%) што ги обезбеди МЦМС за спроведување на своите активности беа од Конзорциумот за Македонија (составен од агенции поврзани со Светскиот совет на црквите), потоа од сопствени приходи (12%), од ЕУ и други владини и меѓувладини агенции (12%), итн.
За неколку важни теми, МЦМС спроведе 10 кампањи. Најголем дел од нив се уште се во свежо сеќавање на јавноста, нивните слогани се уште се живи, како на пример „Цело е кога има се!“ или „Кажи Македонија“ (Don’t you fyrom me!). Вредностите и пораките што ги носеа со себе и денес се актуелни. МЦМС сите овие успеси ги постигна со придонесот на 68 членови во органите на управување (во четири состави), со исклучителна застапеност по родова, етничка и верска припадност; водството на извршниот директор во најголемиот дел од овој период – Сашо Клековски; 88 вработени и уште повеќе волонтери; како и со партнерите, соработниците, добавувачите и сите други чинители во општеството.
Инфографик - 18 години МЦМС: ИСТОРИЈА | СТАТИСТИКА
|