2010 – Донесени два значајни закона - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2010 – Донесени два значајни закона PDF Print E-mail
Tuesday, 13 December 2011 14:50

2010-godina-na-nosenje-na-dva-znacajni-zakoniГодината ја одбележаа дебатите и донесувањето на значајните закони, за здруженија и фондации, како и за спречување и заштита од дискриминација. Меѓу Македонија и Северна Ирска започнаа студиските размени за искуствата за надминување на поделбите во општеството. МЦМС работеше на развој на капацитетот на Пелагонискиот плански регион.

Македонија имаше доста нерамномерен напредок во своите еврионтеграциски процеси. Годината беше полна со предизвици и за граѓанското општество, пред сѐ од аспект на постигнување на неговата одржливост, но и заради актуелни општествени прашања. Годината ја одбележаа дебатите и донесувањето на значајните закони, за здруженија и фондации, како и за спречување и заштита од дискриминација кои предизвикаа дебата во граѓанското општество, а ЗСЗД предизвика и поширока општествена расправа.

Заврши програмата Водоснабдување на општина Јегуновце (ВОЈ), со што се заокружи една од најстарите и најпрепознатливите активности на МЦМС од основањето до сега – водоснабдувањето. МЦМС како дел од граѓанското општество се соочува со истите предизвици, промени и проблеми. МЦМС докажа дека има висок капацитет за прилагодување на брзите промени кои се случуваат во општеството. 2011-та е годината во која ќе заврши целосното реструктурирање на изворите на финансирање (и поддршка) и на внатрешната организација на МЦМС. Тоа, во 18-та година на постоење ќе ја обезбеди неопходната подготовка на МЦМС за соочување со новите предизвици.

Законот за здруженија и фондации е еден од најважните закони за граѓанското општество во Македонија. Уште од далечната 1995 година, МЦМС е посветен на подобрувањето на правната рамка за граѓанското општество. МЦМС учествуваше од самиот почеток во подготовка ма текстот на новиот закон, во рамките на работна група на Министерството за правда, а исто така нејзини претставници учествуваа и на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Со цел за поголема информираност на граѓанските организации за новиот закон и новините, во мај и јуни 2010 година беа организирани пет информативни настани за ЗЗФ во Битола, Гостивар, Струмица, Велес и Скопје, на кои учествуваа 98 претставници од граѓанските организации.

Во јануари Владата го усвои предлогот, а Собранието на 8 април го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД). МЦМС активно учествуваше на седниците на собраниските комисии на кои се дискутираше предложениот закон и во рамките на Сојузот Македонија без дискриминација, предложи 33 амандмани, од кои половината беа прифатени. Тоа е првиот општ закон за недискирминација и нуди сеопфатна регулација на прашањето. Една од значајните работи што ги пропишува Законот е формирањето Комисија за заштита од дискриминација која ќе биде независно тело за следење на дискриминацијата.

Училиштето ќе служи во следните 100 години

„Кога ќе заврнеше дожд, чичко Ѓорѓе веднаш трчаше наоколу и ставаше кофи на местата каде што протекуваше кровот“ – вака најживописно шестооделенецот Петар ја опиша состојбата на училиштето Гоце Делчев во с. Анѓелци, пред реновирањето. Но протекувањето сега е минато, па затоа Петар, со насмевка раскажува за неволјите на домаќинот и на сите што работеле или учеле во училиштето.
Околу 150 учениците на ова основно училиште веќе неколку месеци учат во подобри услови. Тие, со помош на нивите наставници и родители се подготвија и на 14 декември 2010 година ги пречекаа гостите што дојдоа да им честитаат за успехот. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, претставниците на донаторите МЦМС и ТИКА и градоначалникот на општина Василево им посакаа на учениците и наставниците уште долги години да го користат училиштето и да постигнуваат одлични резултати.

„Годината ја одбележаа дебатите и донесувањето на значајните закони, за здруженија и фондации, како и за спречување и заштита од дискриминација. Меѓу Македонија и Северна Ирска започнаа студиските размени за искуствата за надминување на поделбите во општеството. МЦМС работеше на развој на капацитетот на Пелагонискиот плански регион.“

Годишен извештај на МЦМС за 2010 година. 

2010

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News 2010 – Донесени два значајни закона