Кривопаланчани идентификуваа голем број проблеми - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кривопаланчани идентификуваа голем број проблеми PDF Print E-mail
Monday, 31 October 2011 00:00

На втората форумска сесија што се одржа на 20 октомври 2011 година, граѓаните на Крива Паланка идентификуваа голем број проблеми кои се дел од избраната тема Локален економски развој/инфраструктурно уредување на градот и населените места во општината во функција на економскиот развој.

Picture 018

Проблемите беа групирани во пет групи и тоа: инфраструктурно уредување на градското подрачје; на руралното подрачје; водоснабдување и санитација; изградба и реконструкција на објекти од јавен интерес и спорт и рекреација.

Присутните граѓани, на работните маси дискутираа за проблемите и за дел од нив понудија решенија кои би можеле понатаму да се развијат до предлог проекти кои би се финансирале од буџетот на Форумите во заедниците. Најголем дел од нив се однесуваа на уредување на централното градско подрачје, реконструкција на улицата од Старата чаршија до Градскиот пазар и уредување на коритата на Крива Река и на Дурачка Река. „Добро е што е избрана темата за локален економски развој затоа што граѓаните се соочуваат со многу проблеми од оваа област", вели Добри Јовевски, „но според можностите на проектниот фонд би сакал да истакнам дека приоритет треба да се даде на недоволниот паркинг простор во централното градско подрачје и на уредувањето на просторот зад зградите кај Зелениот пазар. Ова се навистина критични локации и проблеми, кои им создаваат големи потешкотии на граѓаните", додаде тој.

Интересот да се придонесе кон решавањето на проблемите можеше да се види не само од големото присуство на граѓани на форумската сесија (120 присутни граѓани) туку и од интересот за учество во работните групи кои понатаму ќе ги развиваат предложените решенија во посебни концепти.

Picture 003

Александар Ангеловски, раководител на Одделението за изградба и одржување на комуналната инфраструктура смета дека треба да се сконцентрираат на проблемите кои се од најголем јавен и општ интерес за градот. „Навистина ни е неопходна реконструкција на ул. „Свети Јоаким Осоговски", на потегот од Старата чаршија до Градскиот пазар, со замена на дотраените коцки со асфалт и решавање на проблемите со атмосферската канализација и електричната инсталација", вели тој. „Во Старата чаршија имаме и голема преоптовареност на улицата од пешаци и возила, особено за време на пазарните денови и би требало да се бара решение за изградба на пешачка патека покрај Крива Река. На овој начин целосно ќе ја завршиме реконструкцијата на главната улица во централното градско подрачје и истата ќе ја растовариме од сообраќајниот хаос."

До третата форумска сесија што ќе се одржи на 10 ноември 2011 година работните групи ќе подготват пет концепти што ќе им ги презентираат на граѓаните.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Кривопаланчани идентификуваа голем број проблеми