Интеграцијата во ЕУ и во НАТО во изборните програми |
![]() |
![]() |
![]() |
Friday, 17 June 2011 14:07 | |||
Автор: Марија Теговска, Ивана Петкуќеска
Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и Северноатлантската алијанса. Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани. Со овој извештај се земени предвид деловите од програмите на политичките партии кои се однесуваат на предложени политики во областа на европската интеграција и влезот во НАТО. Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку графикони и/или табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.
|