Училиштето ќе служи во следните 100 години [Медиуми] |
Tuesday, 14 December 2010 16:14 | |||
Свеченото пуштање во употреба на реновираното училиште во с. Ангелци заинтересира доста медиуми. Еве како известија дел од нив: Пуштено реновираното училиште „Гоце Делчев“ во Ангелци Дотраената училишна зграда стара 64 години која беше комплетно реновирана со средства од турската организација Тика и МЦМС денеска и официјално беше дадена во употреба. Извор: ТВ Сител (Вторник, 14 декември 2010) Парно греење во Ангелци Сто и педесет ученици од македонска и турска националност од двете соседни села Ангелци и Градошорци оваа седмица се преселија во новата реновирана зграда. Со реконструкцијата се обновени внатрешните и надворешните ѕидови, покривот, таваните, подовите, старите прозорци се заменети со нови, поставени се нова електрична инсталација и парно греење. Парите за реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“ во Ангелци, 100 илјади евра, се обезбедени од донации од турската владина организација „Тика“ и „Филип Морис“ од Швајцарија, во соработка со „Сокотаб“ од Битола. (Р.Т.) Извор: Дневник (Вторник 14.12.2010)
|