Македонија - модел за дијалог на културите - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија - модел за дијалог на културите - извршно резиме PDF Print E-mail
Friday, 09 October 2009 14:22

Во 2009 г. беа одобрени три проекти: Поддршка на Меѓурелигискиот совет во Македонија, Анализа на состојбите на немнозинските заедници и проектот Мост.

Од делот наменет за поддршка на Меѓурелигискиот совет во Македонија (МРС) на 6 мај 2009 г. беше одржана седница со претставници на верските заедници на која беше дискутиран напредокот во однос на процесот на институционализација на МРС, а воедно беше нагласена и потребата од градење на капацитетите на претставниците на МРС и на членовите на верските заедници преку серија на обуки.

Во делот наменет за градење на капацитетите за претставниците на верските заедници, беше поддржано учеството на 37 претставници на верските заедници на обуките за „Односи со јавноста“, „Пристап до ЕУ - фондови и подготовка на апликации“ и „Раководење со човекови ресурси“. Покрај градењето на капацитетите, преку проектот беше поддржана и реализацијата на студиската посета во Холандија, која што се одржа во октомври 2009 г., а на која учествуваа студенти од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, а воедно беше поддржано и одржувањето на веб - сајтот на Комисијата за односи со верските заедници. Кон крајот на проектот беше издаден меѓународниот адресар за православна ѓаконија. Во рамките на проектот беа направени дополнителни консултации со претставниците на верските заедници во однос на нивната институционализација.

Во рамките на проектот „Анализа на состојбите на немнозинските заедници“ во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) беа селектирани општините Гостивар, Кичево, Струга и Дебар како фокус - општини каде што се набљудуваа седниците на советите и се набљудуваше процесот на примена на Бадинтеровото правило при донесувањето на одлуките кои се однесуваат на културата, јазиците и идентитетот, а воедно беше анализирана и работата на Комисиите за односи помеѓу заедниците. За таа цел беа обучени тројца набљудувачи, при што беа набљудувани вкупно 16 седници и беа направени 30 интервјуа со претставници од општините. Покрај оваа активност беше спроведена и обука за малцински права за советниците на селектираните општини и членовите на Комисиите за односи помеѓу заедниците. Кон крајот на проектот беше подготвен и извештај за малцински права во Македонија.

Како резултат на досегашната успешна соработка на МЦМС со Медијација Северна Ирска (МНИ) започнат е проектот „Мост – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог“. Во ноември 2009 г. беше организиран промотивен настан во Белфаст, Северна Ирска на кој учество земаа 80 претставници од целните групи на проектот од Северна Ирска, како и Одборот на директори на МЦМС. Во декември 2009 г. партнерите од МНИ имаа средби со МЦМС и со целните групи на проектот во Македонија.

Тековен извештај од програмата.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Македонија - модел за дијалог на културите - извршно резиме