Медиумите за Адресарот на општините во РМ |
Thursday, 20 May 2010 10:58 | |||
МЦМС и ЗЕЛС, на 19 мај 2010 година во хотелот Холидеј ин во Скопје, го промовираа третото издание на Адресарот на општините на Република Македонија. Промовирано 3. издание на Адресарот на општините Македонски центар за меѓународна соработка заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа го промовираа Именикот на општините во Македонија. Во него се вклучени телефонските броеви на општините, институциите, електронската пошта, нивните локации, структурниот составот на општината, советниците и раководителите на различни сектори на општинско ниво. Именикот е на три јазици, македонски, албански и англиски. „Адресарот содржи кратки биографии на градоначалниците, телефони, маил адреси и факсови на општините, и податоци за нивните седишта. Има податоци за членовите на Советот, институциите во општината, како училишта, културни институции, градинки, домови за стари лица, има податоци за секторите и одделенијата во општините и информации за буџетите, рече Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС „Адресарот е комплетен и во него се опфатени сите општини, со сите потребни податоци. Од Адресарот градоначалниците можат да научат едни од други и да разменат искуства“ изјави Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Извор: Алсат-М телевизија (19 мај 2010) Публикуван адресарот на општините во земјава По трет пат ЗЕЛС во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка го публикуваше денеска Адресарот на општините во земјава .„Податоците кои се содржани во овој адресар се кратки биографии на градоначалниците, контакти, телефони на кои можете да ги добиете. Во адресарот се сместени и базични информации за буџетите на општините“ изјави Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС. Извор: Канал 77 (19 мај 2010) Адресар со податоци за општините Телефони и податоци за сите општини во државата можат да се најдат на едно место, во Адресар на македонски, англиски и на албански јазик, чие трето издание вчера го промовираа Македонскиот центар за меѓународна соработка и Заедницата на единиците на локална самоуправа. Првото издание на Адресарот на општините е од 2002 година, а второто е од 2006 година. Адресарот редовно се поставува на веб-страницата на ЗЕЛС и годинава првпат е само во електронска форма. „Адресарот содржи кратки биографии на градоначалниците, телефони, и-мејл адреси и факсови на општините. Има податоци за членовите на Советот, за училишта, градинки, домови за стари лица, културни институции. Извор: Утрински весник (19 мај 2010) Промовирано третото издание на Адресарот на општините во Македонија Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС и Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС денеска го промовираа новиот Адресар на општините во државата. Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС рече дека ова е трето издание на Адресарот. Првото издание на Адресарот е од 2002, а второто во 2006 година. - Значењето на овој Адресар е поголемо бидејќи сите го користат за да можат да најдат телефони и податоци за секоја општина, рече Перишиќ и додаде оти претставници на домашни и странски инцтитуции се интересирале за новиот Адресар. Таа додаде дека Адресарот редовно се поставува на веб-страната на ЗЕЛС и оти годинава првпат тој е само во електронска форма. - Адресарот содржи кратки биографии на градоначалниците, телефони, маил адреси и факсови на општините, и податоци за нивните седишта. Има податоци за членовите на Советот, институциите во општината, како училишта, културни институции, градинки, домови за стари лица, има податоци за секторите и одделенијата во општините и информации за буџетите, рече Перишиќ. Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС рече дека Адресарот е комплетен и во него се опфатени сите општини, со сите потребни податоци. Од Адресарот, како што рече, градоначалниците можат да научат едни од други и да разменат искуства. Третото издание на Адресарот е на македонски, англиски и албански јазик, а наскоро ќе биде поставен на веб-страните на ЗЕЛС и МЦМС. Извор: Сител телевизија (19 мај 2010)
|