Перцепциите на граѓаните за вакцинирањето - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепциите на граѓаните за вакцинирањето PDF Print E-mail
Monday, 18 February 2019 17:07

Aвтор: Јасмина Михаиловска
Дата: февруари 2019 година
ISBN: 978-608-4848-12-7
PDF: percepciite-na-gragjanite-za-vakciniranjeto.pdf

Percepciite na gragjanite za vakciniranjetoВо декември минатата година, беа регистрирани случаи на деца заболени од мали сипаници (морбили). На 19 декември 2018 година, Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на територијата на населбата Радишани (Скопје), а на 2 јануари 2019 години и на територијата на град Скопје. 

Дебатата за и против вакцинирањето се води веќе неколку години, со различен интензитет. Здравствените власти и родителите кои се за вакцинирањето од една страна и дел од родителите кои се противат на вакцинирањето најчесто ги разменуваат аргументите преку медиумите, вклучително и социјалните медиуми. 

Според Министерството за здравство, појавата на оваа болест е резултат на повеќегодишните кампањи против вакцинирањето што довело до опаѓање на бројот на вакцинирани, а вакцината против мали сипаници е единствениот лек „во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази“ 

Имајќи ги предвид двете страни во дебатата за и против, МЦМС одлучи да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Испитаниците беа прашани за важноста и придобивките од вакцините; за нивната информираност и довербата во системот на вакцинирање; за ставовите на родителите за (не)вакцинирањето и за стравовите од епидемија. 

Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Перцепциите на граѓаните за вакцинирањето