Состојбата со укажувачите во Република Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Состојбата со укажувачите во Република Македонија PDF Print E-mail
Monday, 14 March 2016 10:28

Автор: Петар Тодоровски
Дата: март 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-51-9
PDF: sostojbata-so-ukazhuvachite-vo-republika-makedonija.pdf

sostojbata-so-ukazhuvachite-vo-republika-makedonijaБорбата против корупцијата и формите на криминал кои таа ги штити и сокрива е исклучително тежок предизвик за институциите чија цел е нејзиното сузбивање. Начините и методите на извршување кои сторителите на овие кривични дела ги користат тешко се откриваат, а дури и кога ќе се откријат, нов предизвик претставува нивното докажување. Оттаму доаѓа големото значење на укажувачите во оваа борба. Информациите кои тие можат да ѝ ги понудат на истрагата можеби никој друг (освен сторителот) не ги поседува, а можат да бидат од клучно значење за откривањето и докажувањето на одредено кривично дело.

Во „Препораките за заштита на укажувачите“ на Советот на Европа тие се дефинирани како „личности кои пријавуваат или откриваат информации за закана или повреда на јавниот интерес во контекст на нивниот работен однос, без оглед на тоа дали е во јавниот или приватниот сектор“.

Досегашните случаи во кои одредени граѓани се осмелуваа да пријават незаконити дејствија, и тоа уште пред да биде донесен нов закон за заштита на укажувачите и без да уживаат никаква заштита, отвора простор да се смета дека пријавувањето може да заврши само со штетни последици за нив, а извршителите на незаконитите дејствија ќе поминат неказнето. Затоа Транспаренси интернешнел Македонија (ТИ-Македонија) веќе неколку години се залага за заштита на укажувачите, со што борбата против корупцијата би добила значителна поддршка од граѓаните.

До донесувањето на Законот, Центарот за застапување и правна помош на ТИ-Македонија примаше пријави од граѓани кои сакаа да пријават корупција. Ретки беа оние кои можат да се наречат укажувачи според дефиницијата во сега донесениот закон, но фактот дека овие луѓе секогаш се соочуваа со губење на своите работни места, а понекогаш и со тужби од страна на претпоставените, го објаснува слабиот интерес за таквиот одважен потег.

Во овој приказ се презентирани три случаи кои на многу сликовит начин докажуваат дека укажувачите не само што не уживаат заштита при пријавувањето, туку се соочуваат и со последици по нивниот работен однос, а може дури да добијат и тужба за плаќање оштета.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Состојбата со укажувачите во Република Македонија