Wednesday, 26 September 2012 00:00 |
Во четврток 27.09.2012 со почеток во 19.30 во ресторанот ,,Мис Стон,, во Василево ќе се одржи првата форумска сесија во рамки на програмата ,,Форуми во заедницата,, што општините Василево и Босилово ќе ја спровeдат во соработка со Македонскиот центар за меѓународна сорабока како имплементирачка организација. Станува збор за меѓуопштински форум финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, која издвои 3 400 000 денари за реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете општини а во кои финансиски ќе учествуват и двете локални самоуправи со по 1 700 000 денари. Ова значи дека граѓаните на општините Василево и Босилово сами ќе одлучуваат за што ќе бидат искористени средствата во висина од 6 800 000 денари од ова програмата ,,Форуми во заедницата,,.
Извор: Југоинфо (26.09.2012)
|