Стратегија за соработка на општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постојан развој - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија за соработка на општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постојан развој PDF Print E-mail
Thursday, 26 April 2012 10:34

Дата: 2012 година
PDF: strategija-debar-mk

strategija-debar-mkГраѓанското учество во процесот на донесување одлуки е од клучно значење за секое општество кое се декларира како демократско, а посебно е важно за младите демократии. Создавањето институционални механизми за соработка на граѓаните и државните органи и тела, особено на локално ниво, во процесот на креирање на политиките и на други акти е основа на партиципативната демократија.

Општина Дебар во целост ги препознава важноста и улогата на граѓанскиот сектор во развојот на демократските процеси во општината и општо во развојот и подобрувањето на животот во заедницата. Граѓанските организации (ГО) во Дебар многу пати во изминатиот период ја потврдиле својата посветеност на пресретнување на потребите на граѓаните преку бројни активности од различни области, како: социјална и хуманитарна помош, културни манифестации, спортски настани, поддршка на образованието, еколошки акции, оспособување на младите, охрабрување на маргинализираните групи и сл.

Тргнувајќи од овие факти, општина Дебар одлучи да ја унапреди соработката со граѓанските организации и да придонесе кон нивни постојан развој, а со цел да придонесе кон зголемени граѓански иницијативи и развиена локална заедница од секој аспект.

Општина Дебар и досега соработуваше со граѓанскиот сектор, иако нема официјално назначено лице со јасен опис на надлежности за оваа соработка. Меѓутоа, овој стратешки документ и мерките предвидени со него ќе треба да претставува водечка рамка за политиката на општината кон граѓанскиот сектор и кон развивање на граѓанскиот активизам. Усвојувањето на Стратегија за соработка на општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постојан развој е индиректен придонес и кон реализирање на една од стратешките заложби определени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007-2011 г.). Имено, во седмата цел од националната стратегија предвидено е „Преку промовирање на целите и мерките на стратегијата на локално ниво, единиците на локалната самоуправа ќе ја препознаат важноста на соработката и развојот на локалните граѓански организации и ќе можат да усвојат слични механизми за соработка и вклучување на граѓанските организации во спроведување заеднички активности“.

Процесот на подготовка на стратегијата е воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ спроведуван од МЦМС, а финансиски поддржан од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Стратегијата е усвоена на 27 декември 2011 г. на 28 седница на Советот на општина Дебар.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Стратегија за соработка на општина Дебар со граѓанскиот сектор и негов постојан развој