Меѓуетничките односи се подобруваат - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Меѓуетничките односи се подобруваат PDF Print E-mail
Monday, 11 July 2011 12:43

МЦМС спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. Во прилог се објавите во медиумите кои се однесуваат на „Квалитет на меѓуетнички односи".

Етничките односи се важни, ама не премногу

Дури 78,4 отсто од граѓаните сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но само 3,9 отсто од нив ги загрижува ова прашање, кое го рангираат на шестото место, по невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата, криминалот и евроатлантските интеграции.

Извор: Нова Македонија

Не не' мачи соживотот, туку сиромаштијата

Невработеноста и сиромаштијата се најголемите проблеми што ги мачат македонските граѓани, кои не се толку оптоварени со прашањето на меѓуетничките односи. Ова прашање, според истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), е дури шесто на листата за она што ги загрижува граѓаните, а пред него се наоѓаат невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата, криминалот и влезот во ЕУ и НАТО. Истражувањето на МЦМС за меѓуетничките односи опфаќа теренска анкета реализирана во мај годинава со вкупно 2.087 испитаници и онлајн-анкета со нерепрезентативен примерок од 24 јавни личности во земјава.

Извор: Утрински весник

Македонците не се загрижени за меѓуетничките односи

Повеќето македонски граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето Квалитет на меѓуетнички односи", спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Дури 78 отсто од граѓаните сметаат дека меѓуетничките односи им се лично важни, додека за 86,3 отсто тие се важни за Македонија. За меѓуетничките односи загрижени се само 3,9 отсто од граѓаните и со тоа ова прашање е шесто по ранг по невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата и криминалот и влезот во ЕУ и НАТО.

Извор: Вечер

Никој не им верува на Албанците

Во анкетата на МЦМС за меѓуетничките односи, се забележува дека Македонците најмногу недоверба имаат кон Албанците – 45.4 отсто и Ромите – 25.1 отсто, додека најмалку кон етничките Босанци, Срби и Власи. Најмногу недоверба кон Албанците имаат и Ромите, Србите и Власите.

Извор: Коха

Меѓуетничките односи значајни, загрижува невработеноста

Мнозинството граѓани во Македонија мислат дека меѓуетничките односи се значајни, но најмногу ги загрижува невработеноста, економијата, корупцијата, криминалот и влезот во ЕУ и во НАТО.

Ова го покажува резултатите од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), односно Извештајот за меѓуетничките односи и нивниот квалитет.

Извор: Бота сот

МЦМС: Меѓуетничките односи напредуваат

Во анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, спроведена од Институтот за демократија од Скопје, десет години по вооружениот конфликт во Македонија, само 9,4 проценти од испитаниците, меѓуетничките односи во земјава ги сметаат за непријателски, 16,9 проценти сметаат дека постои меѓуетничка соработка, 33,2 проценти ги сметаат за воздржани, а за 18,4 проценти од испитаниците, тие се ривалски.

Извор: Канал 5

Во Македонија се уште се живее во паралелни светови

Живееме едни крај други, но не и заедно. Камениот мост повеќе разделува отколку што поврзува. Десет години по конфликтот, секој гледа и влече на својата страна.

Дека постои недоверба, покажува и истражувањето на МЦМС. 9.4% од граѓаните сметаат дека меѓуетничките односи се непријателски, 18.4% ривалски, 33.2% воздржани, а по околу 17% дека има соработка или мирољубива коегзистенција. Голем проблем е тоа што една деценија по конфликтот се уште нема заеднички став за тоа што точно се случило.

Извор: МТВ

Меѓуетничките односи важни за граѓаните, но ги загрижува невработеноста

Меѓуетничките односи се подобруваат. Ова мислење го делат сите етнички заедници во земјава. Денешната состојба ја оцениле со 2,8, пред 2001-та со 2,7 а за 5 години очекуваат подобрување на 3,2.

Според анкетата која ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка само 9, 4 проценти од испитаниците, меѓуетничките односи ги сметаат за непријателски, 33 отсто за воздржани, речиси 17 веруваат дека постои соработка а 18 отсто се изјасниле дека во меѓуетничките односи се уште постои ривалство.

Извор: Сител

Меѓуетничките односи богатство на Македонија

Повеќето македонски граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето „Квалитет на меѓуетнички односи", спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: ТВ Ера

Загриженост за невработеноста и сиромаштијата

Граѓаните во Македонија најмногу ги загрижува невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата, криминалот и влезот во Европската Унија и во НАТО. Според резултатите од спроведената анкета од Македонскиот центар за меѓународна соработка, односно извештајот за меѓуетничките односи и нивниот квалитет во Македонија, граѓаните скоро да не се загрижени за оваа проблематика, туку во прв план излегуваат други проблеми од нивното секојдневие.

Извор: ТВ Алб

Меѓуетничките односи значајни за граѓаните, но најмногу ги загрижува невработеноста

Најмногу предрасуди, според резултатите, постојат кон етничките Албанци и кон Ромите. Најмногу граѓани или 41.6 отсто мислат дека постојат предрасуди за етничките Албанци, а потоа следуваат етничките Роми и етничките Македонци, додека 8.4 отсто од граѓаните мислат дека не постојат предрасуди.

Извор: ТВ Коха

Одлични меѓуетничките односи во бизнисот

Големо мнозинство од претставниците на бизнис зедницата имаат добро искуство со бизнисмените од различните етнички заедници. Влијанието на меѓуетничките односи, тие го анлализираат преку прифатливоста да се работи или да се биде раководен од друга етничка припадност. Во однос на работа во етнички мешана средина, тоа е прифатливо за големо

Извор: Радио Слободна Европа

Меѓуетничките односи важни за граѓаните, но најмногу ги загрижува невработеноста

Мнозинството од македонските граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето „Квалитет на меѓуетнички односи", спроведено од страна на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

За 78 отсто од граѓаните меѓуетничките односи се важни лично, додека за 86,3 проценти тие се важни за Македонија. Според важноста, пак, за меѓуетничките односи се загрижени се 3,9 отсто од граѓаните и со тоа ова прашање е шесто по ранг по невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата и криминалот и влезот во ЕУ и НАТО.

Извор: Макфакс

Македонците не се загрижени од меѓуетничките односи

Повеќето македонски граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето „Квалитет на меѓуетнички односи", спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Дури 78 отсто од граѓаните сметаат дека меѓуетничките односи им се лично важни, додека за 86,3 отсто тие се важни за Македонија. За меѓуетничките односи загрижени се само 3,9 отсто од граѓаните и со тоа ова прашање е шесто по ранг по невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата и криминалот и влезот во ЕУ и НАТО.

Извор: Журнал

Подобрени се меѓуетничките односи

Подобрени се меѓуетничките односи покажуваат резултатите од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), односно Извештајот за меѓуетнички односи и нивниот квалитет.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета во домаќинствата во мај на национален репрезентативен примерок од 2.087 испитаници и он-лајн анкета со нерепрезентативен примерок од 24 јавни/информирани личности во Македонија.

Извор: Курир

МЦМС: Меѓуетничките односи подобри од 2001, најмногу предрасуди кон Албанците

Сите етнички заедници сметаат дека има подобрување во меѓуетничките односи од 2001 година, кои на скалата од 1 до 5 ги оценуваат со 2,8, со оптимизам за нивно подобрување во следните 5 години, се вели во последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка за меѓуетничките односи.

Оценката е позитивна и покрај негативното влијание на „Кале" и на предвремените парламентарни избори. Дури 41, 6 отсто од граѓаните мислат дека постојат предрасуди за етничките Албанци а 24, 2 отсто за Ромите.

Извор: Нетпресс

МЦМС: Најмногу предрасуди кон Албанците и Ромите

Големо мнозинство од граѓаните во Македонија сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но повеќе ги загрижуваат невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата, криминалот и влезот во ЕУ и НАТО.

Тоа го покажуваат резултатите од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), односно Извештајот за меѓуетнички односи и нивниот квалитет. Истражувањето е спроведено со теренска анкета во домаќинствата во мај на национален репрезентативен примерок од 2.087 испитаници и он-лајн анкета со нерепрезентативен примерок од 24 јавни/информирани личности во Македонија.

Извор: Пресс 24

Меѓуетничките односи важни за граѓаните , најмногу ги загрижува невработеноста

Мнозинството од македонските граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето „Квалитет на меѓуетнички односи", спроведено од страна на Македонскиот Центар за меѓународна соработка, пренесува „Макфакс".

Извор: Охрид њуз

Меѓуетничките односи важни за граѓаните, најмногу ги загрижува невработеноста

Мнозинството од македонските граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето „Квалитет на меѓуетнички односи", спроведено од страна на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

За 78 отсто од граѓаните меѓуетничките односи се важни лично, додека за 86,3 проценти тие се важни за Македонија. Според важноста, пак, за меѓуетничките односи се загрижени се 3,9 отсто од граѓаните и со тоа ова прашање е шесто по ранг по невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата и криминалот и влезот во ЕУ и НАТО.

Извор: Точка

МЦМС: Предрасуди кон Албанците, недоверба кон Ромите

Десет години по вооружениот конфликт во 2001 година, 78,4 отсто од граѓаните сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но само 3,9 од нив ги загрижува ова прашање, кое го рангираат на шестото место, веднаш по невработеноста, сиромаштијата, економијата, корупцијата, криминалот и евроалтанските интеграции. Ова се наведува во четвртиот извештај на истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за квалитетот на меѓуетничките односи, чијa денешна промоција се одржа во скопскиот хотел Холидеј Ин.

Извор: Плус инфо

Истражување на МЦМС за меѓуетничките односи

Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведе сеопфатна студија на Охридскиот рамковен договор, соопштуваат од МЦМС. Дел од таа студија е истражувањето на меѓуетничките односи во Македонија. Во 4 дел од истражувањето се посочува дека меѓуетничките односи важни лично и важни за Македонија, но шести по ранг на прашања кои загрижуваат. Големо мнозинство граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни лично (78,4 %) и за Македонија (86,3 %). Од друг агол погледната важноста, како прашање кое најмногу ги загрижува граѓаните, меѓуетничките односи ги загрижуваат 3,9 % од граѓаните и е шесто прашање по ранг по невработеноста, сиромаштијата, економијата (трите збирно се 77,7 %), корупцијата/ криминалот (9,5 %), влез во ЕУ/ НАТО (4,9 %).

Извор: Ефакт

Македонците со предрасуди и недоверба кон Албанците

Мнозинството граѓани во Македонија мислат дека меѓуетничките односи се значајни, но најмногу ги загрижува невработеноста, економијата, корупцијата, криминалот и влезот во ЕУ и во НАТО.

Извор: Гравитети

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Меѓуетничките односи се подобруваат