| Матрица за мониторинг на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество 2025 |
|
|
|
| Friday, 30 October 2026 16:10 |
|
Автор: Даниел Станоески, Снежана Камиловска Трповска
Публикацијата е подготвена во рамките на регионалната иницијатива на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), која ги опфаќа земјите од Западен Балкан и Турција. Наодите овозможуваат следење на промените низ годините и споредба на состојбите во регионот. Истражувањето се заснова на Матрицата за мониторинг, која ги разгледува законодавството и практиката во три главни области:
Извештајот покажува дека основните правни гаранции за дејствување на граѓанското општество се воспоставени, но нивната практична примена и понатаму е проследена со значителни предизвици. Застојот на реформите, финансиската неизвесност и недоволното вклучување на организациите во одлучувањето продолжуваат да ја ограничуваат овозможувачката околина. Финансиската одржливост беше особено погодена од повлекувањето на поддршката од УСАИД, кое доведе до откажување на активности и намалување на кадарот. Бројот на вработени во здруженијата и фондациите се намали за 6,7% во однос на 2024 година. Сеопфатната реформа на државното финансирање остана незавршена. Извештајот ги разгледува процесот за изменување на Законот за здруженија и фондации, потребата од унапредување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и најавениот фонд за кофинансирање европски и други меѓународни проекти. Во однос на соработката со институциите, позитивен развој беше реактивирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во април 2025 година. Извештајот ги истакнува и притисоците врз активистите, новинарите и организациите, вклучително и стратешките тужби против јавното учество (SLAPP), кои можат да поттикнат самоцензура и да го ограничат дејствувањето во јавен интерес. Извештајот е наменет за граѓанските организации, институциите, истражувачите, донаторите и сите заинтересирани за развојот на граѓанското општество. Наодите и препораките обезбедуваат основа за застапување и за креирање политики што ќе ја зајакнат одржливоста и независноста на секторот. Публикацијата е подготвена со финансиска поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида). |